АРТАН ГРУБИ: Ние избираме претседатели на Собранието, премиери и ние избираме претседатели на државата!

Артан Груби, организацискиот секретар на ДУИ, по завршувањето на гласањето во вториот круг од претседателските избори објави статус на Фејсбук и во истиот напиша дека Али Ахмети и ДУИ одлучиле кој ќе биде спикер на Собранието, премиер на Владата и претседател на државата.

-Али Ахмети и ДУИ избираат претседатели на Собрание, Али Ахмети и ДУИ избираат премиери, Али Ахмети и ДУИ избираат претседатели на државата. Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата, напиша Груби.

Повеќе