Стево Пендаровски е нов претседател: Ќе бидам претседател на сите!

Стево Пендаровски прогласи победа и најави дека ќе биде претседател на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Стево Пендаровски, им се заблагодари на насобраните во седиштето на СДСМ, на македонски и албански јазик, порача дека одлучиле да продолжат „Заедно напред“.

Ова денеска беше нашата достоинствена Македонија. Победа на мнозинството граѓани, независно од политичка и етничка припадност. Се обедини и рече продолжуваме заедно напред – никогаш повеќе режим, рече Пендаровски.

Свечено сакам да објавам дека ќе ви служам посветено на сите, додаде Пендаровски.

Повеќе