Задолжувањата на ова Влада веќе не се на месечно, туку на НЕДЕЛНО НИВО!

Ново задолжување – каматите годинава „ќе изедат“ 149 милиони евра   Продолжува задолжувањето. Министерството за финансии планира неделава да запише државни хартии вредни 19.51 милиони евра односно 12 месечни државни записи во износ од 11.38 милиони евра, како и 5 годишни државни обврзници во висина од 8.13 милиони евра. Според календарот за неделава е предвидено и раздолжување, но за пониска сума или за 9 милиони евра. Со тоа долгот дополнително се зголемува за околу 10 милиони евра. Во последните три месеци е зголемен за 40 милиони евра. Според последните податоци,…

Во Струга најмасовна литија досега

Стружани денеска ѝ оддадоа достојна почит на црковната поворка-литија, поздравувајќи ги моштите на Свети Георгиј, со фрлање цвеќе. Традиционално и годинава во Струга, еден ден по празникот Ѓурѓовден, се одржа десеттата по ред струшка литија, на која се прикажаа моштите на светиот великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона. Претходно во храмот на великомаченикот во Струга, со почеток во 16 часот, беше отслужена ктиторската вечерна богослужба. Литијата беше најмасовна досега, со повеќе од 10 илјади граѓани што присуствуваа на настанот. Од Бигорскиот манастир велат дека годинава литијата била збогатена со чудотворната…

НЕДОВСМИСЛЕНА ПОРАКА ОД ВАТИКАН :Како Македонците тивко ги претопија во Северно Македонци

Ватикан сега јасно ни порачува и нам и на светот, дека апостолот Павле, кого Македонец во сон го повикал да дојде во Македонија, бил примен од некои други Македонци, различни од овие што сега живеат во денешна Северна Македонија. Официјалниот портал на Ватикан, Ватикан њуз, пишува дека посетата на папата Фрнциско е „важен момент за малата католичка заедница“. Каточичката црква во Северна Македонија претставува помалку од еден процент од населението – факт заради кој е избрано и мотото на посетата: „Не се плаши, малечко стадо“. Во текстот на мултимедијалниот портал…

ЛШ: Вардар за финалето ќе се бори со Барселона

Ракомет: Македонскиот шампион Вардар го доби најсилниот можен противник во полуфиналето на завршниот Ф-4 од Лигата на шампиони во ракомет, шпанската Барселона. Во второто полуфинале ќе играат Кјелце и Веспрем. Да потсетиме кога во 2017 година црвено-црните го освоија европскиот трофеј токму во полуфиналето со погодокот на Лука Циндриќ ги совладаа каталонците а потоа во финалето беа подобри од ПСЖ. Полуфиналето е на 1. јуни а финалето ден подоцна во Келн , Германија

Кој е човекот што денес беше во посета на Македонија?

Езуитот од Аргентина, Хорхе Марио Бергољо, некогашен надбискуп во Буенос Аирес, е Папа на католичката Црква. Папата Франциско по многу работи се разликува од претходно избраните. За првпат во историјата на црквата, еден бискуп го зема името Франциско, но и за првпат езуит е избран за папа, односно е прв папа кој доаѓа од Латинска Америка. Хорхе Марио Бергољо е роден а 17-ти декември во 1936-та година во Буенос Аирес, во семејство со пет деца, а неговиот татко бил италијански имигрант, поради што папата Франциско има и аргентинско и италијанско…

Проблемот „малцинство“

Волшебна работа е демократијата, онака како што ја сфаќаме денес, фабрикувана на Запад: секому му дава права. Но таа е и најконтрадикторно нешто: нејзиниот дискурс, главно структуриран под влијание на западната прагматска световна филозофска мисла и невообичаено прагматичното католичко сфаќање на Бога (во кое со индулгенција и гревовите се откупуваат со пари), постојано мултиплицира страшни антономии. Тоа е дискурс што, како и Уроборос, си ја брка опашката за да се голтне себеси. Она што од логичка гледна точка во тој дискурс на демократијата изгледа беспрекорно точно и кохерентно, од морална…

Иванов до папата: Доаѓате во време кога македонската држава е тешко ранета поради прекршени ветувања и изневерени очекувања

Статија на tv21.tv Папата Франциск прво беше примен во претседателската вила Водно, каде што по средбата со претседателот Ѓорге Иванов, потоа се обратија пред јавноста. Иванов рече дека папата доаѓа во еден период во кој земјата е разнишана и изневерена, и побара од папата духовна помош во обнова на татковината. „Ве пречекувам на крајот од мојот мандат како претседател, и морам да кажам дека ми е голема чест што вака го завршувам мојот мандат. Вие доаѓате во време кога македонското општество е длабоко поделено, а македонската држава е тешко ранета…