Животот почнува дури тогаш кога ќе престанеш да им угодуваш на другите!

На почетокот сметаш дека тоа ќе ти донесе нешто, со текот на времето и ќе се навикнеш, но на крај ќе сфатиш дека само губиш време. Го губиш своето „јас“ за да задоволиш илјадници други што никогаш нема да се отворат пред тебе, кои никогаш за тебе нема да го направат истото. Кога ќе влезеш во тој маѓепсан круг, на крајот сфаќаш дека си врзан за размислувањето на другите, дури и си зависен од него. Животот почнува дури откако ќе престанеш да им угодуваш на другите. На почетокот сметаш дека…

Припадниците на елитната специјална единица „Тигри“ кои учествуваа во кумановските настани, деградирани на ниво на обични полицајци!

  Според неофицијални информации голем број на припадниците на елитната специјална единица на полицијата „Тигри“ се деградирани неколку нивоа и сведени на ниво на обични полицајци. Имено голем дел од деградираните припадници на „Тигри“ се ветерани и имаат учествувано во кумановските настани, каде се наоѓале во првите борбени редови. Како „благодарност“ за нивниот професионализам и пожртвуваност најголемиот број од нив се распоредени како чувари на странските амбасади, во куќарки во кои неретко се наоѓаат и по неколку припадници на МВР во иста смена. Државата со ваквото однесување на министерот Оливер Спасовски и раководните…

ЗА ПРВ ПАТ ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Македонец ќе биде пратеник во парламентот во Албанија!

Васил Стерјовски, генерален секретар на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) ќе биде пратеник во албанскиот Парламент. По известувањето од Централната изборна комисија на Албанија, Извршниот комитет на МАЕИ донесе одлука Стерјовски да го прифати пратеничкиот мандат и во парламентот да ја претставува програмата на Македонска алијанса за европска интеграција како дел од парламентарната опозиција,соопштија од партијата. На последните парламентарни избори одржани во јуни 2017 година МАЕИ беше дел од изборната коалиција предводена од Социјалистичкото движење за интеграција. Тогаш лидер на партијата беше Илир Мета, актуелинот…

РУСКОВСКА: Политиката се меша во судењето за „27 април“, а за „Дива населба“ има ДНК-анализа и цврсти докази, но досега СЈО не ги побарало

Политиката се меша во правосудството во случајот со 27 април, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска. -И настаните се случија во Собранието, и амнестијата ја даде Собранието. Може има оправдување за тоа што го направија, но не би сакала да се повтори и политиката повторно да се меша во правосудството, рече Рускоска вечерва во емисијата „Само вистина“ на ТВ Канал 5. Таа рече дека од она што го имаат како докази „сметам дека поранешниот премиер Никола Груевски е нарачател на настаните што се случија на 27 април 2017 година во…

ДИК: Разрешен Избирачкиот одбор во Ново Село, а приговорот на ВМРО-ДПМНЕ отфрлен

Државната изборна комисија денеска го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето на избирачко место 1.789 во Ново Село за избор на градоначалник. По службена должност, како што е речено, го отвори гласачкиот материјал и по неколкукратно пребројување констатираше дека тој е во ред и оти бројот на гласачки ливчиња во кутијата се совпаѓа со бројот на избирачи кои гласале. -По отворање на гласачкиот материјал и по пребројувањето од страна на членовите на ДИК и службите констатирано е дека гласачкиот материјал е во ред и се констатирани бројки кои се во…

ОЈО: Под истрага 7-мина струмичани за обид за убиство во Стар Дојран

Седум лица од Струмица се под истрага за обид за убиство што се случи на 1-ви мај пред хотел во Стар Дојран. -Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против седум лица од Струмица на возраст од 19 години до 25 години, и тоа, против едно лице на возраст од 24 години за кривично дело убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, против едно лице за истото кривично дело како поттикнувач и против пет други лица во својство на помагачи…

КАТОЛИЧКАТА (УНИЈАТСКАТА) ЦРКВА СО ИСТОЧЕН ОБРЕД ВО МАКЕДОНИЈА

КАТОЛИЧКАТА (УНИЈАТСКАТА) ЦРКВА СО ИСТОЧЕН ОБРЕД ВО МАКЕДОНИЈА Пишува: СЛАВЕ КАТИН     Втора по големина христијанска црква во Македонија е Католичката црква. Таа ги обедину­ва верниците со римокатоличка вероисповед и верници­­те со источен православен обред (унијатите), од­носно со ви­­­зан­тиско словенски обред, кои припаѓаа на Унијат­ска­та (Ка­то­личката) црква. Термините, верници со исто­чен православен (византиски) обред (унијати), и Унијатска управа, се упо­требувале, како во офи­ци­јалните др­жав­ни документи, така и во литературата на поголем број македонски и други автори. Меѓутоа, денес претставниците на ­Ка­толичката црква во Република Македонија не ги ­упо­тре­буваат горенаведените термини, туку…

Трговците во вторник ќе ја објават новата цена на горивата

Дел од трговците со нафта не можат од сега  да кажат дали од следната недела горивата ќе бидат поскапи или поевтини.  Граѓаните дури во вторник на бензиските пумпи  ќе знаат колку точно ќе чини литар. Не би можеле да Ви дадеме конкретен одговор бидејќи сеуште не располагаме со сите податоци кои директно влијаат врз изготвување на новите цени, стои  во дописот од Макпетрол. Откако вчера престана да важи старата методологија за пресметка, а новата сеуште не е донесена од вторник обврската за формирање на цената на горивата ја имаат самите…