Животот почнува дури тогаш кога ќе престанеш да им угодуваш на другите!

На почетокот сметаш дека тоа ќе ти донесе нешто, со текот на времето и ќе се навикнеш, но на крај ќе сфатиш дека само губиш време.

Го губиш своето „јас“ за да задоволиш илјадници други што никогаш нема да се отворат пред тебе, кои никогаш за тебе нема да го направат истото. Кога ќе влезеш во тој маѓепсан круг, на крајот сфаќаш дека си врзан за размислувањето на другите, дури и си зависен од него.

Животот почнува дури откако ќе престанеш да им угодуваш на другите. На почетокот сметаш дека тие луѓе се грижат за тебе, но со текот на времето со однесувањето ќе ти покажат колку навистина се грижеле за тебе.

Така почнуваш да ги губиш своите соништа затоа што мораш да се приспособиш на нивните, ги губиш своите првични чувства затоа што не смееш да ги повредиш нивните, го губиш својот став затоа што не смееш да им се спротивставиш на нивните, па на крај се прашуваш зошто си несреќен.

Животот почнува дури тогаш кога ќе престанеш да им угодуваш на другите. Но треба да се дојде до тоа, а понекогаш ќе помине половина живот додека ја сфатиш таа едноставна вистина, па ќе се прашуваш зошто не си го разбрал тоа порано.

Можеби си мислел дека тоа го правиш затоа што си човек со големо срце, па треба да им помагаш на другите, но на крај сфаќаш дека помагањето не е исполнување на нечии барања и желби, и дека им е сеедно за тоа што го правиш, па ако ти не сакаш, ќе најдат нова жртва.

Треба еднаш да се почне со гледање на самиот себе, да се размислува од перспектива на сопственото срце.

Дури кога ќе почнеш да се почитуваш себеси, ќе можеш да ги почитуваш и другите.

Побарај ја својата среќа во можностите што ти ги нуди животот, давајќи си шанса секој ден да почнеш од почеток, без оглед колку грешки си направил вчера.

Не мораш да ги задржиш сите луѓе што си ги сретнал во животот, само задржи ги својата единственост и оригиналност и оние вистинските ќе останат покрај тебе.

Марио Жувела

Повеќе