Албанската опозиција бара банкнотите со Северна Македонија да бидат и двојазични

Покрај новото име на државата, на банкнотите да го има и албанскиот јазик, бара албанската опозиција во Македонија. Оваа реакција на Алијансата на Албанците доаѓа откако гувернерката, Анита Ангеловска- Бежоска, најави дека банкнотите со новото име на земјата кои ќе бидат пуштени на почетокот на наредната година нема да бидат и на албански јазик. -Оценуваме дека оваа одлука е неправедна и е во спротивност со Законот за употреба на јазиците, односно албанскиот јазик, со кој се предвидува банкнотите и полициските униформи да бидат и на албански јазик, или како што…

Метлата на Заев ќе ги опфати Шекеринска и Анѓушев, можен на удар е и Шилегов?!

Премиерот Зоран Заев, по лошите изборни резултати, најави чистка кај функционерите. Сепак, остана отворено прашањето кого ќе опфати метлата на Заев. Јавноста постојано дава прогнози за имиња кои би требале да сносат одговорност, а најгласни се барањата чистката да почне од блиските на Заев, министри во крупни ресори. Во кулоарите кружат информации дека Заев со метлата ќе ја потфати Радмила Шеќеринска. Таа е негов заменик на функцијата претседател на СДСМ, а на местото министер за одбрана, не покажа никакви резултати. Според информациите, Заев планира Шекеринска да му остане поддршка на…

Бучковски: Нема место за еуфорија во СДСМ, имаме победа на ВМРО-ДПМНЕ

Ова беше најизвесната трка, се покажа како добитна комбинација што владеачката партија се договори со владеачката ДУИ. Но, очигледно според резултатите и оние поддржувачи на Река, барем половината од нив имаат излезено на овие избори за Пендаровски, истакна екс-премиерот Владо Бучковски во вчерашното отворено студио за претседателските избори на ТВ СИТЕЛ. –Гледајќи ги резултатите, во мнозинството општини каде што доминатно е македонско гласачко тело, имаме победа на ВМРО-ДПМНЕ. И овој резултат од 370 илјади е одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека и во најоптимистичките варијанти се предвидуваа 350 илјади гласови,…

Се бара 57-годишниот струмичанец Ристо Илјашев

Од вчера е исчезнат 57-годишниот Ристо Илјашев од Струмица. Облечен е во светла тексас јакна, светли тексас фармерки, црна маица и сива капа. Семејството ги моли сите кои го имаат видено или имат било каква информација да се јават на: 075/390-333или да пријават во СВР Струмица. Од Струмичката полиција ја потврдија информацијата дека синоќа во 19:45 часот е пријавено за исчезнување на лицето Р.И. од Струмица, кој вчера околу 13:30 часот излегол од домот и не се вратил. Од таму информираат дека се преземаат мерки за пронаѓање на лицето.

Фрапантни бројки: 61.000 основци помалку во Македонија?!

За 18 години за 61.000 се намалил бројот на ученици во основно образование во Македонија. Фрапантната бројка е резултат на споредбените бројки објавени на Државниот завод за статистика. Прочитајте повеќе на Деца.мк

Џафери: На инаугурацијата на Пендаровски доаѓаат тројца претседатели – Тачи, Мета и Радев

До крајот на денот се очекува собранискиот спикер Талат Џафери и официјално за недела напладне да ја закаже седницата за инаугурација на новиот македонски претседател Стево Пендаровски. Во изјава за МИА, Џафери посочува дека досега потврда дека ќе присуствуваат на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи. Присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, од каде, исто така, се очекува одговор дали нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор. Покани…

“АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ”: Омpaзата на Демостен кон Македонците била бесконечна, затоа што Филип Втори ги ocвоил речиси сите грчки територии

Демостен бил роден во 384 година пред нашата ера и познат е како најголемиот оратор во античка Грција. Меѓу другото, тој е познат и по неговите анти-македонски ставови и активности. Всушност, тој го предводел атинскиот отпop пpoтив Македонија. Демостен бил роден во близина на Атина, а неговиот татко починал кога тој бил многу млад. Како што стареел тој почнал да се интересира за политика, а особено бил заинтересиран да ги заштити Грците од зakaната на Филип Втори Македонски. Неговиот прв голем говор пpoтив Филип Втори бил во 351 година п.н.е.…