Се бара 57-годишниот струмичанец Ристо Илјашев

Од вчера е исчезнат 57-годишниот Ристо Илјашев од Струмица. Облечен е во светла тексас јакна, светли тексас фармерки, црна маица и сива капа.

Семејството ги моли сите кои го имаат видено или имат било каква информација да се јават на: 075/390-333или да пријават во СВР Струмица.

Од Струмичката полиција ја потврдија информацијата дека синоќа во 19:45 часот е пријавено за исчезнување на лицето Р.И. од Струмица, кој вчера околу 13:30 часот излегол од домот и не се вратил.

Од таму информираат дека се преземаат мерки за пронаѓање на лицето.

Повеќе