Сите „авантури“ на премиерот Заев: Личниот, пред интересот на државата

Заев како руски олигарх во Маврово: Ја затвориле скијачката патека за да помине царот со свитата“, „ЗИМУВАЊЕТО НА ЗАЕВ ЌЕ НЕ ЧИНИ МИЛИОН ДЕНАРИ: Премиерот на зимување во Гармиш Партенкирхен во најелитниот хотел!“, „Заев со мотор на 4 тркала на народен собир во Варварица“, „Заев ужива да вози мотор на Беласица“,„Премиерот Заев и другарите со мотори го посетија Крушево“, „Заев и Димитров со селфи поздрав од одморот во Охрид“, „Заев и Димитров во Струмица се релаксираа и возеа мотори“.

Ова се само дел од насловите кои период наназад ги пишуваат македонските медиуми за екскурзиите и авантурите на премиерот Зоран Заев.

Заев, сега, личниот интерес повторно го става пред интересот на државата.

Премиерот одлучи да земе слободни денови од работа од петокот до вторник, односно за време на инаугурацијата на Стево Пендаровски.

Најавената таканаречена кадровска „метла“ и реформите неопходни за ЕУ, исто така можат да почекаат бидејќи Заев ќе биде на одмор.

-Канцеларијата на претседателот на Владата, информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10-ти до 14-ти мај ќе користи дел од своите слободни денови. Деновите, премиерот ќе ги земе заради приватни причини – информираа од прес службата на Владата.

Инаку, редакцијата на КУРИР, вчера се обиде да добие дополнителни информации од владиниот сектор за односи со јавност.

КУРИР го контактираше владиниот портпарол Миле Бошњаковски, но тој не ни даде конкретен одговор. Го прашавме каде ќе биде премиерот во деновите за кои Владата информираше дека ќе биде на одмор, а тој ни одговори дека испратиле соопштение. Му посочивме дека во текстот кој го испратија не е наведено каде ќе биде Заев во деновите кои ги земал за слободни, а тој ни одговори „Премиерот користи приватно слободни денови и тоа е информацијата“.

Медиумите пак, објавија видео снимка од Ново Село, во која се гледа како премиерот вози мотор низ општината заедно со своите придружници, а со владините возила возачите и обезбедувањетo го следат и му носат опрема. Одреден дел од работите кои владините возила му ги влечат на Заев се во приколка, па не се знае што има внатре.

Исто така, тоа што меѓународни претставници и домашни експерти во континуитет укажуваат на отсуство на какви било реформи, не го спречи Зоран Заев да си седне на скапиот мотор и заедно со свита од владини возила, возачи и обезбедување да ја напушти државата, на еден месец пред Самитот на Европската Унија кога се одлучува дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговори

Повеќе