Јанева: Никој не може да ме разреши

Специјалната обвинителка Катица Јанева нема намера да се откаже од својата функција иако во преговорите меѓу власта и опозицијата за специјалното обвинителство се зборува и за нејзина смена. Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за кадровските промени во СЈО ги смета за политички. Јанева дури најавува дека ќе се кандидира и за втор мандат по истекот на тековниот во септември. – Барањето „ниту држи вода, ниту е на место и нема основа“. Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако…

(Видео)МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГРЦИЈА СЕ ИЗБOPИJA ЗА СВОЕТО ПPABO: Македонската партија „Виножито“ за пpв пат ќе учествува на Европските избори

Партијата на Македонците во Грција “Виножито” како членка на Европската cлoбoднa алијанса (ЕФА – алијанса на партиите на мaлцинcтвaтa во Европа), на 26 мај ќе учествува на евроизборите во Грција. Виножито го помина филтерот на Bpxoвниoт cyд на Грција и таа ќе биде една од 40-те партии кои ги исполнија условите за европските избори. Виножито е 31 партија на списокот. Фото: ДојчеВеле За овие избори партијата на Македонците во Грција “Виножито” подготви и видео спот. Пораката на овој спот е следна: „Ако нe kpeнeш глaвa нe глeдaш, Виножито нe гледаш.…

ДОЧИНСКИ: Се кандидирав за европратеник на СНС оти не го признава договорот од Преспа и негирањето на македонската нација во истиот

Велат не нема, ама еве сме! Ја прифатив поканата да бидам кандидат на листата на партијата СНС (Словенска национална странка – единствената партија во Словенија која не го признава Преспанскиот договор и негирањето на македонската нација од страна на Грчката во истиот) за престојните избори во Европски парламент, вели Андреј Дочински, кандидат за европратеник од Словенија. – Јас сум Словенец со македонско потекло. Роден сум во Љубљана и сум државјанин на ЕУ. Дипломирав на Универзитетот во Марибор, моментално сум вработен во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана – најголемата државна болница…

Се бара 54-годишниот Марјан Велев – Мичо од Добрејци

Од вчера е исчезнат 54-годишниот Марјан Велев – Мичо од Добрејци, струмичко. Последен пат е виден вчера околу 09:00 часот, кога излегол од својот дом и од тогаш му се губи секаква трага. Исчезнувањето на Марјан Велев е пријавено во СВР Струмица и се преземаат мерки за негово пронаоѓање. Семејството ги моли сите кои го имаат видено или имат било каква информација да се јават на: 078/253-259 или во СВР Струмица.

Заев на Фејсбук: Поголеми плати за 2.899 лица во културата

Вработените во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за април 2019 година. Информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, по дејности ја усвои Владата на денешната седница. Ова го објави премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил. -Со оваа одлука на Владата, 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемување на платите почнувајќи од платата за месец април 2019 година, наведува премиерот. Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните…