ЗАЕВ ЗА НАЈАВЕНАТА МЕТЛА НА ИЗБОРИТЕ: Го имам концептот, чистењето ќе почне во јуни

Во почетокот на јуни ќе излезам комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а крајот на јуни ќе почне и по вертикала во општините каде државата е претставена со одредни државни институции. Ова денеска го најави премиерот Зоран Заев прашан од новинарите до каде е најавената „метла“, посочувајќи дека се работи за неколку министри, за неколку заменици министри, за неколку директори. Конечните бројки, рече, ќе се соопштуваат кога за тоа ќе биде донесена одлука. – Се уште сме во фаза на размислување, го имам концептот. …

САШО ТАСЕВСКИ: Лекарски тим под итно да влезе во Собрание и да направи систематски со тест на тешки и лесни дроги

Под итно да влезе во Собрание лекарски тим и да направи систематски на пратениците, со тест на тешки и лесни дроги. Да се види зошто државава ни е дрогирана, пишува екс-директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил.

СЛЕДУВА ПOДEЛБA НА МАКЕДОНИЈА, НЕКА НЕ ВЕ ЛAЖAT ДАНЦИТЕ И НОРВЕЖАНИТЕ: ДУИ веќе создаде бинационална, федерализирана, паpaлелна држава!

“Знам, редовно ме читаат цензopскине служби во власта, некогашни твитерџии, кои порано ме тапкаа по рамо: Еј браво како ги зaшлaпa груевци со текстон. Гледам веќе не ме тапкаат и се затуфкав. После сфатив дека они од тоа што ме читаат не разбрале ништо, а за тоа сум јас винoвeн. Не забележав дека цело време сум пишувал на кинески. На мандарински кинески. Кога видов, дamла ме yдpи. Леле ги измaчив луѓето две години. Добро тогаш, дај одма да пишам на македонски, нема смисла. Џабе метла, ако не ги ИЗМЕТете сите…

ЈАНЕВСКИ: Кога и Бог и Дарвин ќе ја утнат работата со „Животот“!

Дарко Јаневски Ете пак сме на почетокот. Со нови снимки. Само што сега служат за сеир. Ама, пак, читам, слушам, некои шутраци велат дека сега тоа било незаконско. Ајдеее…! А претходно беше законски, нели? Зашто тоа било јавен интерес. А ова не е, зар не? И незаконски било нивното објавување. Мудро од вас, момчиња, мудро. Ама ако му ги дадеа на Заев и ако со нив одржеше прес конфренција, ако климнеа со главата некои амбасадори, тогаш се ќе беше в ред. Така? А што ако Мицкоски кажеше дека загрижен патриот…

Богоев:”Набавував масло од канабис а не кокаин”

Вчера на руска социјална мрежа беше објавено аудио кое авторот го нарече БОМБА и каде тврди дека нарачувам кокаин. На нашите мрежи, прво беше споделено од пропагандната твитер машинерија на ВМРО ДПМНЕ и од порталите блиски до нив, а потоа веќе го споделуваа и сите останати. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2151701238276145&id=716386515140965   Би сакал да расчистам неколку работи: Дали тоа е мојот глас на снимката? Да. Дали разговарам за супстанца чиј промет е забранет? Да. Но, во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу…

Наместо најавените 49 милиони евра, денеска владата не задолжи за 80 милиони евра

Владата на Република Македонија денеска ја задолжи државата за нови 80 милиони евра, наместо за 49-те милиони кои беа најавени претходно. На денешната аукција на државни хартии од вредност запишани се 4,9 милијарди денари (80 милиони евра). На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 2,3 милијарди денари со камата од 0,80%, 5-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 1,70% и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 1,6 милијарди денари со камата од 3,20%.…