Тасевски: Павле Богоевски треба да понесе одговорност, тој е претставник на граѓаните

аферата со пратеникот Павле Богоевски и неговиот разговор во кој нарачува „пола за 2.500 денари“ не стивнува. Од првиот ден од појавувањето на видеото во кое се слуша разговорот на Богоевски, актерот Сашо Тасевски постојано го коментира односот на пратеникот, очекувајќи дека тој ќе понесеморална одговорност. И во вечерашното гостување на Телевизија 24 Тасевски зборуваше за Богоевски, нагласувајќи дека тој мора да понесе одговорност по случувањата со снимката во која тој нарачува, како што рече, масло од канабис.

-Богоевски во Парламентот не претставува одредено лоби на наркофили, ако таа група го донела во Собранието, во ред. Но, ако го донела една многу поширока група, тогаш има кабает во него. Неговото однесување покажува дека тој сака да го скрие тој дел од себе ако му е автетентечен, ако тоа го прави во приватен живот. Некој тоа добро го спакува, го искористи. Но, тој не е само Павле Богоевски, тој е пратеник претставник на граѓани и затоа треба да понесе одговорност, рече Тасевски

 

Повеќе