Македонија официјално на 7. место на Евровизија, суспендирани гласовите на Белорусија!

Македонија и песната на Тамара Тодевска “Proud“, завршија на седмото место откако денеска членовите на ЕБУ го суспендираа гласањето на жирито на Белорусија поради грешка на гласањето во првото полуфинале. „ЕБУ потврдува дека се користеше неточен резултат на Белоруското жири. Тоа не влијаеше на конечниот резултат на првите 4. земји. Жалиме што оваа грешка не беше евидентирана порано, и се надеваме дека ова нема да се случува повторно“, велат од ЕБУ. Сега по новата табела пласманот на првите 10 изгледа вака: Холандија 498 поени Италија 472 Русија 370 Швајцарија 264…

„Вашингтон пост“: ЕУ ја излажа Македонија, непотребно Македонија го промени името…нема датум за преговори

Европските дипломати ги наведоа Македонците да веруваат дека, ако го голтнат ова горчливо апче – ако го сменат името на својата држава – ќе добијат забрзан прием во ЕУ и НАТО. Приемот во НАТО изгледа дека ќе се случи, но идејата за членство во ЕУ – која е всушност големата награда што ја очекуваат повеќето обични луѓе во целиот регион – станува се помалку и помалку веројатна. Просто кажано, ЕУ лажеше, и поради тоа владите и народите во регионот се гневни, пишува Мујановиќ во својот коментар објавен во Вашингтон пост под…

Граѓаните без реална моќ да влијаат на законите

Статија на НОВА Македонија Од квалитетот на законските решенија во голема мера зависи и степенот на демократијата и квалитетот на животот генерално. Лошите законски решенија, кои ги има и кај нас, ги уназадуваат државата и општеството. Последиците од тоа најмногу ги чувствуваат граѓаните, немоќни да променат што било. Од друга страна, најчестиот проблем во реалноста со кој се судира граѓанската иницијатива, ако го помине бирократскиот отпор за нејзино разгледување, е соочувањето со опасноста таа да биде партизирана Сите дефиниции на демократијата, каков било аспект да зафаќаат, се темелат на фактот…

Бошњаковски, Цаневска, Кољари, Адеми, Карајанов, Малевски, Арифи… се само дел од тимот на Пендаровски

Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со јавноста ќе биде Катерина Цаневска, а Билјана Радева ќе биде прес-офицер, информираат од кабинетот на шефот на државата. Советник за национална безбедност ќе биде Блерим Кољари, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика. Советници во кабинетот ќе бидат и Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов. Во…

ИНТЕРВЈУ НА РУСЈАКОВ ЗА РАДИО ПУЛА (2): Името не ни го сменија Грците, туку НАТО, ЕУ и ООН

Ова е вториот дел од интервјуто на Александар Русјаков за хрватското Радио Пула емитувано на 17 мај. Уредник и автор е Елвис Милета. Интервјуто, со оглед на тоа што трае 40 минути, го поделивме на два дела. Првиот дел го публикуваме вчера. МИЛЕТА: Како загина Борис Трајковски? РУСЈАКОВ. Во крајно сомнителни околности. Неколку пати се обидуваа да го реконструираат настанот, но крајно фарсично… Многумина сметаат дека станува збор за убиство, но очигледно ќе треба време за да се дознае позадината. МИЛЕТА: Кои се последиците од загинувањето на Трајковски? РУСЈАКОВ: Па,…

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на Регулаторна комисија за енергетика до јуни 2018 година, С.Ј. (61), вработена како член на Регулаторна комисија за енергетика, В.К. (65), вработен како член на Регулаторна комисија за енергетика до март 2017 година и Е.М.В. (51), вработена како член на Регулаторна комисија за енергетика до декември 2017 година. Кривичните пријави се поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Како што соопштија од Министерството…

Собранието го изгласа Законот за Агенција за национална безбедност

Со 91 глас „за” и без воздржани и „против”, пратениците го изгласаа Законот за Агенција за национална безбедност. За законот, со кој практично се става клуч на вратата на УБК, се согласија и власта и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека издејствувале да им бидат прифатени 60-на амандмани кои се однесувале на јакнење на парламентарниот надзор, меѓу кои, како што истакна Емил Димитриев, претседател на една од надзорните собраниски комисии, издејствувале да нема повеќе тајни фондови на тајните служби. А, заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа тој, е и предлогот за…