„Вашингтон пост“: ЕУ ја излажа Македонија, непотребно Македонија го промени името…нема датум за преговори

Европските дипломати ги наведоа Македонците да веруваат дека, ако го голтнат ова горчливо апче – ако го сменат името на својата држава – ќе добијат забрзан прием во ЕУ и НАТО. Приемот во НАТО изгледа дека ќе се случи, но идејата за членство во ЕУ – која е всушност големата награда што ја очекуваат повеќето обични луѓе во целиот регион – станува се помалку и помалку веројатна. Просто кажано, ЕУ лажеше, и поради тоа владите и народите во регионот се гневни, пишува Мујановиќ во својот коментар објавен во Вашингтон пост под насловот „Како Европската Унија го предаде Западниот Балкан“.

Старата гарда во Западна Европа вели дека е загрижена од назадувањето во демократијата на (југо)истокот на континентот. Но, таа е пред се загрижена од подемот на десничарските движења во нивните сопствени држави. Овие движења посочуваат на Балканот како на туѓо тело, поради големото домородно муслиманско население во овој регион, и бараат тој да се држи подалеку од Европа, оценува Мујановиќ.

Повеќе