ИНТЕРВЈУ НА РУСЈАКОВ ЗА РАДИО ПУЛА (2): Името не ни го сменија Грците, туку НАТО, ЕУ и ООН

Ова е вториот дел од интервјуто на Александар Русјаков за хрватското Радио Пула емитувано на 17 мај. Уредник и автор е Елвис Милета. Интервјуто, со оглед на тоа што трае 40 минути, го поделивме на два дела. Првиот дел го публикуваме вчера.

МИЛЕТА: Како загина Борис Трајковски?
РУСЈАКОВ. Во крајно сомнителни околности. Неколку пати се обидуваа да го реконструираат настанот, но крајно фарсично… Многумина сметаат дека станува збор за убиство, но очигледно ќе треба време за да се дознае позадината.

МИЛЕТА: Кои се последиците од загинувањето на Трајковски?

РУСЈАКОВ: Па, помина територијалната поделба во Македонија чија цел беше да се обезбедат оние 20 отсто Албанци на одредени територии. Сето тоа беше чекор кон тоа што сега се случува. Знаете, таа меѓународна заедница, која ја нарекувам заедница на изопачена моќ, не делува така брзо. Тие делуваат со мали чекори.

МИЛЕТА: И сега, 18 година по таа војна имаме ситуација кога Република Македонија е Северна и имаме ситуација која не е нималку полесна од таа во 2001 година, имаме поделени луѓе по сите основи, по политичка, национална основа…

РУСЈАКОВ: Не по национална основа, нема такво нешто. На пример, јас сум им страшно благодарен на Албанците што го бојкотираа референдумот за името…

МИЛЕТА: За Северна…?

РУСЈАКОВ: Да, ја го нарекувам име на окупација, правно тоа е кривично дело на  злосторничко здружение. Знаете, за 10-15 години кога во овој свет правото ќе биде на прво место и пред политиката…

МИЛЕТА: Мислите дека тоа ќе се случи?

РУСЈАКОВ: Ако се случи. Овој свет мислеше дека кога фашизмот беше поразен дека веќе нема да се повтори, но тоа не е така. Сето ова еден ден ќе оди на суд и таму ќе падне бидејќи е кривично дело. Тие го отфрлија референдумот…

МИЛЕТА: Но, Македонија не можеме да ја гледаме како изолиран остров без сите вплеткувања од соседите. Факт е дека Косово има проблем со Србија. Албанци има во Македонија, Црна Гора…

РУСЈАКОВ: И во Грција.

МИЛЕТА Да и во Грција, значи сето тоа се процеси кои не се завршени и меѓународната заедница во секој случај мора да балансира и секогаш тоа иде на штета на национаолно освестените народи. Во овој случај тоа се Македонците кои се една трагична приказна. Како во сето тоа се вклопува еден господин кого ние овде во Хрватска по малку го заборавивме, господинот Сорос?

РУСЈАКОВ: Тој е присуетен во Македонија уште од почетокот на 90-тите години. Тој тогаш почна да ја промовира промената на името, кога ни даде некој мал грант. И оттогаш тој почна да работи против десничарските влади во Македонија кои немаат паднато на избори. Неговите организации во Македонија и луѓето кои тој ги поддржува јас ги нарекувам интелектуална бижутерија и зомби активизам. Една хистерична поплава. Знаете, тие се бореа против наводната диктатура и сега кога почнаа во Македонија забрани, забранети се еден филм, три серии, некои емисии, забранета е и една книга, тие сега се занимваат со одгледување на цвеќе, правата на животни итн.  Не дај Боже да ви се случи тоа.

МИЛЕТА: Колку владеењето на ВМРО во последните десет години заедно со Албанците придонесе за еден ваков сплет на околности. На пример, центарот на Скопје се реурбанизира и поставени се споменици од античко време кои упатуваат на античка Макеоднија.  Потоа некои објекти во класицистички стил…

РУСЈАКОВ: Неокласицистички стил, а Соросовите активисти го нарекуваа барок. Се смеев на тоа. Тоа е дел од проектот Скопје 2014 кој и мене не ми се допаѓа нешто посебно, но не толку за да ја удирам главата од ѕид како што тоа тие хистерично го правеа. Се смеев зашто неокласицизмот го нарекуваа барок, а сето тоа заедно антиквизација. Се изгубија во термините. Во вашето прашњето гледам дека и тука стигнала таа пропаганда. Од сите споменици кои таму се подигнати, само два се антички – на Александар и на Филип. Другите се на револуционери. Таму има споменици за секоја националност. Скендербег заради Албанците, цар Душан заради Србите, беа изградени неколку мостови, опера и балет, направено е нешто што дотогаш Македонија никогаш го немаше направено.

МИЛЕТА: Прашав за ова заради Александар Македонски. Во Србија сега е популарен едно псевдо движење кое има за цел да го прикаже Александар како Србин, се појавуваат докази дека Александар Македонски е Александар Каранович…

РУСЈАКОВ: Не почна од Србите. Први почнаа Грците кои таму некаде во 1860 година се сетија дека Александар Македонски е Грк. Па сега поставија некој мал споменик во Атина, а преку ноќ, самите Грците го оштетија. Знаете, Грците велат дека Александар е Грк, ама татко му Филип не е. Тоа исто го тврдат и Албанците, бидејќи мајка му Олимпија е од Епир, Бугарите се апсолутно сигурни дека Александар е Бугарин, но тие велат и дека Никола Тесла е Бугарин итн. А смешно е ова околу Каранович. Филип и Александар припаѓаат на Аргеадите, но едно 200 години пред нив имало крал на античка Македонија кој се викал Каран и оттука веројатно ја изведуваат теоријата за Каранович. Но, нема врска тоа. Знаете, Александар сам себе се нарекувал Македонски. Александар го дбил името Велики поради Персијците, тие го нарекле така. Но сето тоа е смешно. Тогаш немало националности. Немало знамиња. Луѓето поинаку размислувале. На пример, Хелените пред се биле Спартанци, Атињани. Тоа денес е едно лудило. Ете, мене ми е баш криво што Александар се нарекувал Македонски, што е роден на територија на Македонија, што ја создал македонската империја. Но јас мислам дека тој е им припаѓа и на Хрватите и на Германците бидејќи му припаѓа на светот. Како Никола Тесла кој му припаѓа на светот. Тој не работел за Србите, за Хрватите или Американците. Така и Александар. Тој ја вовел првата глобализација. Не како оваа денешнава – грда, туку една друга во која културите се мешаат. И затоа е важен. Тој имал вкупно шест битки. Се друго победил со пропаганда. Но тој е битен зашто ја изградил најголемата библиотека. Подигнал 80 градови, ги мешал културите. Затоа има негов споменик во Берлин. И тоа е во ред. Но, ова што се создаде кај нас е псхоза од 19 век. Нашите соседи, Срби, Бугари, останатите уште политички живеат во 19 век. Јас сум христијанин и мене Исус ме учи да ги сакам луѓето и да ги ценам по однесувањето, а не по националноста.

МИЛЕТА: Каква е ситуацијата во Македонија денес и колку според вас меѓународната заедница ќе инсистира на тој расцеп на македонската национална свест?

РУСЈАКОВ: Јас ќе се вратам малку на што го рековте за балансот на меѓународната заедница и ќе се присетите се на тоа што ќе ви го кажам за едно 10-15 години. Реалноста е дека сета оваа грчка, бугарска итн политика која се настрвила на Македонија, дека зад тоа стои таа меѓународна заедница, како и во 1913 година. Не ни го сменија нам името Грците, туку ЕУ, НАТО и ООН. Тие големи сили како Британија, САД, Франција, Германија, Холандија, која беше страшно вклучена во сето ова… кај нас се случи окупација. Нашето име во ООН е прогласено за безбедносен проблем. Како коже име да биде безбедносен проблем Ние добивме случај со Грција на судот во Хаг и знаете што рекоа ЕУ и НАТО? Рекоа дека за нив тоа не важи. Го поништија рефендумот, создадоа 2/3 мнозинство за промена на Уставот така што прво уапсија неколу пратеници, а потоа им рекоа да гласаат за да ги амнестираат. Во меѓувреме Хан изјави „заборавете го референдумот, туку употребете ги балкански методи“. Дали е тоа нормално? Тоа е нацизам.

МИЛЕТА: Што ќе биде со Македонија за 10-15 години?

РУСЈАКОВ: Во Македонија се случува 1913 година без крвав терор. Тортура. Апсат уметници… Кога последен пат во Хрватска било забрането уметничко дело?

МИЛЕТА: Не се сеќавам.

РУСЈАКОВ: Да, не се сеќавате. Забранија премиера на филм зашто има една сцена од 2001 година. Забранија книга зашто во неа пишува дека министерот за внатрешни работи е поврзан со атентатот на Киро Глигоров. Суд ја забрани. Во нормално земја како Хрватска тоа би било граѓанска парница за клевета. Не би била забранета книгата. Моменталната ситуација еден руски аналитичар ја опиша со зборовите дека конечно во Европа е создадена „Орвелова држава“. Но, сепак, во светот нешто се менува – Трамп, Брегзит, Путин, Салвини… луѓето сфатија дека традиционално левите и десните партии работат за иста моќ.

МИЛЕТА: Сепак се плашам дека и во тие партии кои ги нарекуваат „популистички“ веќе има инфилтрации. Тоа се процеси кои се следат однапред 10-20 години и мислам дека нема да има изненадувања какви што очекува.

РУСЈАКОВ: Можеби. Јас не сум аналитичар. Само читам и се обидувам да ги поврзам работите. Но мислам дека се води војна меѓу глобалистите и суверенистите. Знаете, ЕУ им го одзеде економскиот суверентитет на земјите, а сега се обидува да го одземе и националниот суверенитет. А сите земји на светот се создадени од национализам. Како Хрватска, Македонија, Боливија ако сакате… ЕУ всушност се повеќе наликува всушност на СФРЈ, само малку повеќе забегана.

МИЛЕТА: Каква е состојбата, духот кај македонските интелектуалци?

РУСЈАКОВ: Војна. Деведесет отсто интелектуалци и уметници толку гласно молчат што тоа е страшно. Другите се во војна. Многумина Сорос ги финансира и ги слушате како папагали како повторуваат едно те исто. Нивните обоени револуции не создаваат, туку рушат, но не влади, туку држави. Среќа што немате такво нешто. Најстрашно беше во Украина. Што се случи на Мајдан? Им ја урнаа државата, им ги пресекоа врските со Русија, а не им дадоа европска иднина. И ги оставија сега луѓето на егзистенцијално ниво. Владеат вистински фашисти.

МИЛЕТА: Г-дине Русјаков, се надевам на слушателите им ги приближивме македонските состојби. Какви се вашите лични планови?

РУСЈАОВ: Јас пред 10-15 денови се повелков. Јас сум јавна личност, луѓето ги сакаат моите колумни, начинот на кој пишувам. Но веќе не можев да гледам као внатре во Македонија се распаѓа патриотското ткиво и тогаш реков едно „збогум“, не сакам веќе да се занимавам со Македонија на социјалните мрежи, во колумните итн. Македонија ми останува в срцето, во книжевноста… Ќе се обидам приказната за Македонија преку книгите да му ја продадам на светот, зашто војната во Македонија за Македонија стана бесмислена. Има премногу зло на мал простор. Затоа, мене ми е побитно тоа што сега го зборувам овде со вас и пред вашите слушатели отколку истото да го зборувам во Македонија. Таму се одјавив. Ќе ја искористам секоја можност да зборувам надвор. Ако утре-задутре, мојот роман кој ќе се појави на интернет на англиски јазик „Секс, дрога и Влаидмир Путин“, кој зборува што се случуваше во Македонија во последните десет години, помогне да му се каже на светот каква окупација и се случи на Македонија, тоа ќе биде доволно за мене. Северна Македонија е криминален чин, а не демократска приказна. Тоа е битно да му се каже на светот, побитно отколку во Македонија да се занимавам со интелектуалната бижутерија. Знаете кога јас нешто ќе кажам во Македонија, велат „ти си фашист кој зел 300 илјади евра“. Ух, тоа е генијален аргумент контра мојот аргумент.

МИЛЕТА: Ви благодарам што бевте гостин. Многу среќа и многу здравје во животот.

РУСЈАКОВ: Ви благодарам и вам.

https://radio.hrt.hr/radio-pula/aod/alexandar-rusjakof/300549/

Повеќе