Македонија официјално на 7. место на Евровизија, суспендирани гласовите на Белорусија!

Македонија и песната на Тамара Тодевска “Proud“, завршија на седмото место откако денеска членовите на ЕБУ го суспендираа гласањето на жирито на Белорусија поради грешка на гласањето во првото полуфинале.

„ЕБУ потврдува дека се користеше неточен резултат на Белоруското жири. Тоа не влијаеше на конечниот резултат на првите 4. земји. Жалиме што оваа грешка не беше евидентирана порано, и се надеваме дека ова нема да се случува повторно“, велат од ЕБУ.

Сега по новата табела пласманот на првите 10 изгледа вака:

  1. Холандија 498 поени
  2. Италија 472
  3. Русија 370
  4. Швајцарија 264
  5. Шведска 334
  6. Норвешка 331
  7. Македонија 305
  8. Азербејџан 302
  9. Австралија 284
  10. Исланд 232

https://eurovision.tv/story/ebu-issues-statement-on-eurovision-2019-grand-final-result

Повеќе