Струмичкиот театар со две награди на фестивалот во Бугарија

Претставата “Животинска фарма” од Џорџ Орвел во изведба на НТ Антон Панов од Струмица како и актерот Коста Ангов се наградени на Фестивалот на малите театарски форми што се оддржа во Враца,Република Бугарија.

Жирито на Меѓународниот фестивал Нова европска театарска акција – НЕТА,наградите на Струмичкиот театар му ја додели за најуспешна реализација и современ политички звук на утопискиот роман на Џорџ Орвел “Животинската фарма” во режија на Љупчо Ѓоргиевски, додека наградата на актерот Коста Ангов му е доделена за улогата “Наполеон” во истоимената претстава.

На овој меѓународен фестивал во Враца учествуваа театри од Република Бугарија како и од повеќе земји од Балканот  Европа.

Во наградената претстава “Животинската фарма” учествуваа:

Коста Ангов, Ангелина Тренчева Ангелов, Стојан Велков, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Анкица Бенинова, Ванчо Василево, Игор Тодоров во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Извор:МИА

Повеќе