АНКЕТА НА ГАЛУП: За својата земја би се бореле на Косово 58, БиХ 55, Србија 46, а во Македонија 38 %

Дали би се бореле, ако има војна, за својата држава и би го дале ли животот за неа? Тоа прашање им било поставено во истражување на Галуп заедно со Ворлдвајд Индипендент Нетворк во 64 држави во светот. Во глобален просек, 61 отсто испитаници одговориле дека би биле подготвени да се борат за својата држава, додека 27 отсто одговриле – не. Очекувано, поголем е процентот на мажи глобално кои би се бореле (67 отсто) додека жените – 52 отсто. Најголем процент подготвени за војна за својата држава се на Блискиот исток…

Ципрас поднесе оставка: Грција оди на предвремени избори!

По убедливиот пораз на денешните европски избори, грчкиот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка и објави предвремени избори наредниот месец. Ваквата одлука на Ципрас, доаѓа откако лидерот на Неа-Демокрација, Мицотакис побара оставка од премиерот и предвремени избори. Според досега преброените гласови, Нова демократија има 32,08 проценти, СИРИЗА 24 проценти, Движење на промена 7,8 проценти, Комунистичка партија на Грција 5,5 проценти, Златна зора 4,9 проценти, Грчко решение (Велопулос) 4,01 процент, Мера25 (Варуфакис) 2,9 проценти, додека останати партии освоиле 17,86 проценти. Според овие резултати, седум партии добиваат свои претставници во Европскиот Парламент. Излезноста…

Разрешени Ременски, Манчевски, Спасовски, Зекири, Бочварски, Шилегов и Кирацовски

Шесте потпретседатели на СДСМ и генералниот секретар, Александар Кирацовски се разрешени на вечерашниот Централен одбор на СДСМ, објави 24 Вести. Потпретседатели во СДСМ се Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Петре Шилегов. За нов генерален секретар на партијата е предложен министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој нема да биде повеќе на министерската функција.

ЕВРОПА СО КУРСОТ ВО ДЕСНО Франција во шок – Марин ле Пен го победи Макрон

Партијата Националниот собир на Марин Ле Пен, според првите проценки од денешното гласање победи на европските избори, јавува дописникот на МИА. Крајно-десничарската партија предводена од Жордан Бардела доби 24 отсто од гласовите, односно може да се надева на 22 до 26 пратенички места во Стразбур. Партијата на претседателот Емануел Макрон доживеа пораз, со 22,5 отсто од гласовите, односно листата предводена од Натали Лоазо ќе има меѓу 20 и 24 седишта. Листата на Европа Екологија предводена од Јаник Жадо се наметна како трета политичка сила со 12,5 отсто од гласовите и…

Александар Ристевски:Какви идни кадри креираме?

Живееме во времиња во кои нештата се движат брзо како на филмска лента и на светско ниво, и регионално, и тука кај нас, дома, пак човек не знае на што да обрне внимание и истретира како тема, затоа што се е во основа битно,а проаѓа ко информација за ден два и го забораваме. Владини претставници деновиве коментираа околу образовните профили и спремноста на младата работна сила се вклучи на пазарот на труд. Доволно е да прошетате во Рамстор мол во центарот на градот и да ги погледнете таблоата од студентите…

Убедлива победа на Орбан на европските избори во Унгарија!

Партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес, убедливо победи на изборите за претставници на Европскиот парламент. Според првичните проценки партијата на Орбан освои над 50 проценти од гласовите, односно 55 проценти. Проекциите на релевантниот Политико.еу, се дека партијата на Орбан доби 14 седишта во Европскиот парламент, од вкупно 21 што и припаѓаат на Унгарија. Останатите партии, Демократската коалиција, Движењето за подобра Унгарија и Унгарската социјалистичка партија добија по два мандати. Едно седиште е проектирано за Движењето моментум. Инаку излезноста на изборите во Унгарија се зголеми на 30,5 %, што е за…

Протестен моторизиран караван во Струмица против рудникот Иловица-Штука

Активисти против отворањето на рудникот Иловица-Штука денеска организираа протестен моторизиран караван низ улиците на Струмица и населените места. Според организаторите, ова е предупредувачки протест и показна вежба што евентуално би можела да се трансформира во целосна децентрализирана блокада на цел Југоисток во блиска иднина, доколку, како што велат, Владата не ги уважи законите и јасно изразената волја на граѓаните за стопирање и одземање на истечената концесија за рудникот Иловица-Штука. -Сакаме да упатиме порака дека нашата убава котлина не треба да дозволиме да се загади и да овозможиме идните генерации да…