Апелација потврди: Али Ахмети и Муса Џафери зеле мито по 2.5 милиони евра, за да се одложи воведувањето трет мобилен оператор на македонскиот пазар

Апелациониот суд Скопје и по вторпат ги одби тужбите на лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот сопартиец Муса Џафери за клевета против ексразузнавачот Слободан Богоевски, кој пред американскиот суд сведочеше дека тие се двајца од тројцата високи функционери кои зеле мито по два и пол милиони евра секој од нив, за да се одложи воведувањето трет мобилен оператор на македонскиот пазар. Во пресудата која денеска беше јавно објавена во Апелација, стои дека тужителите Ахмети и Џафери немаат право ни на нематеријална отштета. Овој анонимен совет од судии, кои одбија…

Грујо Војвода! Грујо е наш татко, наш брат заштитник

Човекот кој го исправи р’бетот на Македонецот, го обнови дамарот на Македонската државност и Македонизмот во светот. Изгради за 7 години повеќе отколку сите заедно за 70 години…врати 2,7 милијарди на ММФ, ги откажа погубните аражмани на ФАРЕ, изгради автопати, регионални патишта кои Тито и Југославија не ги изградиле, ги одложиле ( зошто не можеле, не сакале, биле скапи). Изгради 100 спортски сали, 120 обновени. Изгради 40 училишта, 70 обнови, 350 км водоводна мрежа, канализација, булевари, обиколници, стадиони, базени, жичница на Водно… Археологија- 760 витални артефакти откопани и презервирани во…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Лондон е заверено распарчувањето на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија по Првата балканска војна

На 30 мај 1913 година во Лондон е потпишан мировниот договор со кој завршила Првата балканска војна и со кој за Македонија турско ропство било заменето со распарчување, поделба и ново ропство под Грција, Србија и Бугарија. Лондонската мировна конференција започнала на 16 декември 1912 година со цел постигнување договор меѓу победничките во Првата балканска војна и поразената Турција, која предложила на Македонија и на Албанија да им се даде автономија под суверенитет на Турција. Тоа не било прифатено. И поради незадоволството помеѓу балканските сојузници Грција, Србија и Бугарија од…

Мицкоски: Додека Заев сее магла со метлата, капиталните инвестиции се фијаско (ВИДЕО)

Додека Премиерот Зоран Заев ја занимава јавноста со внатрепартиските комбинаторки, борбата за превласт и сеењето на магла во јавноста за некакви промени, во економијата продолжуваат да се нижат негативни резултати, неуспеси и да опаѓа стандардот на граѓаните, оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој во своето видео обраќање порачува: „Додека граѓаните се вистински незадоволни од неработа на државните функционери од СДСМ, премиерот Заев прави смени на партиските функции се со цел да одбегне сопствената одговорност за поразите во политиката и економијата, додека истите тие луѓе продолжуваат да ја водат државата. Ниту ваквата…

Милошоски ги помести знамињата во Собрание за да ја сокрие Северна

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски не ја признава Северна, а истото го потврди и денес кога ги поместуваше јарболите со македонското и европското знаме во Собранието пред да ја одржи својата прес конференцијата. Имено Милошоски знамето на Европската Унија го постави на местото каде што пишува Северна, па така визуелно го блокиpaше новото име на државата.

Вработен во „Македонски Пошти“ крадел пензии со лажни налози

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Б.(50) од село Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, проневера во службата и фалсификување исправа. – Во текот на јануари 2019 година пријавениот, како вработен во АД ,,Македонски Пошти“, фалсификувал потписи на 23 налози за исплата на пензии, по што ги присвоил паричните средства наменети за корисниците – соопшти МВР. Тој се стекнал со противправна имотна корист од 223.533 денари.

Две ученички од Скопје на екскурзија консумирале екстази

Од Клиниката за токсикологија вчера пријавиле дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основно училиште во Скопје. МВР соопшти дека по преземени мерки, било утврдено дека во селото Дељадровци, скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест по што била повикана итна медицинска помош. Притоа тие изјавиле дека зеле таблети, најверојатно екстази, кои ги криеле во облеката. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Од кога лани добивме „датум„ ова година тешко дека „пак„ ќе добиеме датум, и самиот Заев си призна дека немаме шанси за датум за преговори со ЕУ

Се намалуваат шансите за добивање на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ за Република Македонија. Иако Европската комисија вчера даде чиста препорака, клучните земји-членки не се сигурни дека ќе дадат „зелено светло“ следниот месец. Кон Франција и Холандија, државите за кои е познато дека се воздржани по ова прашање, се приклучи и Германија. Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, како можна пречка за датум во јуни го посочи германскиот Бундестаг. -Очекуваме датумот за почеток на преговори да биде даден ова лето. Јасно е дека јуни е тешко…

На Криволак почнува најголемата воена вежба во историјата на државата

Од петти јуни до деветти јули, Република Македонија ќе биде домаќин на досега најголемата вежба која се организира во нашата држава, „Одлучен удар“. На вежбата ќе учествуваат над 2.700 припадници од Армијата на Република Македонија и од вооружените сили на САД, Црна Гора, Албанија, Бугарија и Литванија, соопшти Министерството за одбрана. Армијата на Република Македонија учествува со околу 1.300 припадници, исто толку се од САД, војската на Црна Гора испраќа 75 припадници, по 25 припадници од Албанија и од Бугарија, како и 10 од Литванија. Во изјавата по денешниот брифинг…

Вангел Божиноски – Ослободување на просторот

(Додипломска работа на ученичка од средно насочено училиште ЈБТ – насока архивистика и библиотекарство) Во овој извештај од мојот престој во оваа непозната (во моментов и службено безимена) земја, обрнувам внимание на еден гимназиски состав посветен на истражување на синтагмата „ослободување на просторот“, која (тоа ќе го забележите) е постојана тема на оваа секојдневност. Овој мој случаен наод (текстот го добив преку пошта од родител на гимназијалката, која во моментов е на постојано привремена работа во странство) го нарекувам НАОД поради неверојатноста дека „ослободувањето на просторот“ е најупорната заложба на…