Почина пејачот Момо Николовски

Тажната вест на фејсбук ја објави неговата сопруга Валбурга батева- Николовска. Николовски боледуваше од тешка болест поради што сопругата бараше помош и поддршка , а беше организиран и хуманитарен концерт. Момо Николовски беше познат пејач на народна музика, добитник на бројни награди на фестивали. Беше вработен и во Општина Ѓорче Петров во секторот односи со јавност.

БОБАН НОНКОВИЌ-“Луѓето не треба да се плашат од својата влада. Владата треба да се плаши од својот народ”!

СТРАВ ВО КОСКИ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Демек, заради безбедносниот протокол при заминувањето на делегацијата на НАТО, предводена од генералниот секретар Јемс Столтенберг од Скопје, полетувањето-слетувањето на чартер-авионот со македонските херои од РК Вардар, денес е неколку пати одложувано. Со оглед на тоа што, конечно, пред неколку минути полета чартерот со европскиот ракометен шампион од аеродромот во Келн, македонските горостаси би требало да пристигнат во Македонија околу 22 часот, иако претходно беше предвиден нивниот пречек да биде околу 18:30 часот! Лицемерниот патриотизам на градскиот очув на Скопје, Шилегов, со испраќање на…

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Вардар!

Дарко ЈАНЕВСКИ Има повеќе од триесет години, мене ми изгледа како да поминале сто, во дресот на истиот овој Вардар, кој вчера и завчера, онака маестрално „ги истресе“ и Барса и Веспрем, игравме во Ниш. Град кој го биеше глас дека ги има најубавите жени во Југославија и можеби меѓу најдобрите ракометари во Србија. И град, кој не го биеше глас, туку во кој навистина, половина војска беше од Македонија. а од таа половина, половина беа од Скопје. Млад, добар, всушност, не добар, туку одличен тим. Лесно поминавме со сите,…

Дол: Ме радува силата на ВМРО-ДПМНЕ, очекувам победа на следните парламентарни избори

На почетокот на Политичкото Собрание на ЕНП, кое денес и утре се одржува во Брисел, претседателот Жозеф Дол ги информираше Делегатите за резултатите на ЕНП за изборите за Европскиот Парламент. Дол исто така го информираше Политичкото собрание за резултатите од претседателските избори во Република Македонија. Тој истакна дека во борба со коалиција од 31 политички партии ВМРО-ДПМНЕ постигна одличен резултат со освоени 46% од гласовите. Дол нагласи дека посебно го радува тоа што ВМРО-ДПМНЕ покажала голема сила и со оваа тенденција очекува уште подобри резултати и победа на следните парламентатни…

ТВ24: „БОМБИТЕ” НА ЕЛ ЧЕКА ОТВОРИЈА СОМНЕЖ ДАЛИ ВО ДРЖАВАТА СЕ УШТЕ СЕ ПРИСЛУШУВА

Новите телефонски разговори, кои на Фејсбук ги објавува лице под псевдонимот Ел Чека отворија сомнеж дали во државата се уште се прислушува. Во „бомбите” во кои во најголем дел таргет се функционери од ДУИ, има индиции за настани кои се случиле и по формирањето на СЈО и ОТА, посочуваат дел од познавачите, и ги повикуваат органите на прогонот да направат темелна истрага и да откријат дали и кој прислушува. „Дел од овие бомби коишто се објавуваат се индиција за тоа, бидејќи ова е нов материјал, не е од пред десет, пет години.…

Каракамишева до владата: Зошто не го ангажирате владиниот авион утре да ги донесе Вардарци

Статус на Тања Каракамишева: ,,Читам утре на 3.6.2019 во 23.55 часот на аеродромот Александар Македонски ќе слетаат нашите јунаци. Прашање до владата, зошто не го ангажираат владиниот авион да ги донесе ракометарите? Зошто прославата да не биде на плоштад “Македонија” во нормално време, туку мора да се малтретира целиот тим по аеродроми и народот по полноќ да се собира? Или тоа е целта, да се малтретираат сите?