За мито и гратис патувања во странство двајца службеници повластиле италијанска фирма

Во текот на денешниот ден, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на Министерството за внатрешни работи по наредба на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со италијанското обвинителство од Милано, а со поддршка на ЕУРОПРАВДА, спроведува координирана полициска операција за обезбедување докази за „примање поткуп” од страна двајца државни службеници при избор на правно лице за спроведување на проект финансиран од страна на ИПА фондовите. Заради обезбедување докази во правните лица кои биле инволвирани во криминалните дејствија, спроведени…

РЕВАНШ ПРОТИВ ГРЦИЈА: Македонските ракометари наместо пред 5.000 навивачи во Скопје ќе играат само пред 1.500 во Струмица

Завршниот натпревар на најдобрата ракометна селекција на Македонија за квалификациите на ЕП 2020 против репрезентацијата на Грција нема да се игра во Скопје, како што веќе беше најавено, туку ќе се игра во Струмица. Ова предизвика револт кај голем број граѓани кои сакаат во што поголем број да го проследат овој натпревар, кој се игра на 16 јуни, со почеток во 18 часот. Македонија на натпреварот со Грција треба да го забетонира првото место и да и се реваншира за оној пораз што го доживеа во Кожани на почетокот од…

НЕ Е ШЕГА: Заев мети, Анѓушев на државата метли и продава – платени 15 милиони, вмешана фабриката “БРАКО”!

  Додека премиерот Зоран Заев најавува метла за министри и владини функционери, вицепремиерот Кочо Анѓушев профитира продавајќи им на јавните претпријатија електрични метларки произведени во неговата приватна фабрика “Брако” – открива истражувањето на “Економски Лидер” за јавните набавки на фирмата на вице-премиерот. пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ Три комунални претпријатија од три општини: Штип, Радовиш и Центар – синхронизирано кон крајот на минатата година распишале јавни набавки и набавиле машини за метење на јавните површини. ЈП Исар – Штип”, ЈП за комунални дејности “Плавија” Радовиш и Паркинзи на Општина Центар, во истиот период, од 2.10.2018 до 25.12.2018 склучиле договори со вкупна вредност од 10.263.815 денари (166.829…

ДИМИТРОВ И ЗАХАРИЕВА ВО СОФИЈА: Голем раст на политичките односи меѓу Македонија и Бугарија, но има пад во економските

Апел за забрзување на изградбата на транспортната и енергетската инфраструктура меѓу Македонија и Бугарија беше упатен денеска по седницата на Заедничката меѓуваладина комисија во Софија, со која претседаваа шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Димитров и Екатерина Захариева. Ова е прв состанок на Меѓувладината комисија, која е формирана согласно обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан меѓу двете земји во август 2017 година. Во изјавите по средбата двајцата министри ја потенцираа неопходноста од забрзување на изградбата на транспортниот Коридор 8, кој ќе овозможи подобра поврзаност…