Латас: Што е сега оваа хистерија – па нели Шеќеринска лани рече дека сме добиле датум за преговори

,,…Радмила Шекеринска, која 25 години е во врвот на СДСМ, офицер за врски на Џорџ Сорос во Македонија која прошла сито и решето… на 12 септември ланската, 2018 година, агитирајќи за гласање и поддршка на Северна пред референдумот изјави:

‘Ние покажавме дека зборот е збор. Ветивме и ДОБИВМЕ датум за преговори со ЕУ ‘. Затоа, никако не разбирам зошто е сега оваа галама и хистерија дали допрва ќе го добиеме датумот.

Па Заев дури и лично оди на нозе пред Меркел да и се закани дека ако не сме добиле датум повторно, Европа ќе покажела на сите дека лаже и манипулира. Се чека Заев отворено да се им закани во Брисел – Или дајте датум, или ќе го вратам името.

Па ваљда не се дава датум за преговори секоја година, или јас нешто не разбирам.

Уште по збунет бев деновиве кога на Твитер Беља Џика пушти видео од говор на Шекеринска при изборите во 2008 година во кој најавува:

Ако победам јас со СДСМ на избори, во Европа влегуваме веднаш, а во НАТО оваа година, рече Шекеринска во таа 2008 година. До неа лево стои Зоран Заев, млад и сучка слаб, зад Заев гордо и поносно се смеши Сугаревски… некои лица кои денес се власт, 11 години по тие избори на кои СДСМ и Шекеринска доживејаа најголем пораз кој било која партија го доживеала во Македонија.”

Целата колумна прочитајте ја на Весник

 

Повеќе