Цуцуловски: Ние имаме квази влада, лажен премиер и држава каде не функционираат законите

Ние немаме влада во вистинската смисла на зборот зошто владата треба да претставува органска целина на избрани луѓе од премиерот, но фактот што мандаторот очекува неговиот коалиционен партнер да му каже кои луѓе ќе бидат дел од владата. Затоа ние имаме квази влада или лажен премиер или привид на премиер, па по тоа имаме привид на држава, односно пара држава каде не функционираат законите, па по тоа не можеме да имаме држава во вистинска смисла на зборот,вели професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски на емисијата Отворено на Алфа телевизија.

Тој вели Македонија умира на рати, не живее, не значи дека ќе умре, но ако ова е живот, во иронија ќе кажам му благодарам на ваквиот живот. Ако збориме за метлата на Заев, треба да кажеме дека тој не исчисти државатасо метлата, туку своите партиски редови, говорот на несвесното е дека тој мисли дека употребувајќи метла во партијат, употребува чистка на ниво на државата, со што покажува дека за него државата и партијата е едно исто, истакна професорот. Цуцуловски објасни дека преку партиското чистење Заев ја поистоветува партијата со државата, тоа не постоеше ни во тој етатистички државен социјализам во Југославија.

Тој вели дека оваа власт се однесува арогантно па и спрема своите стратешки партнери, а тоа се прикаски за деца, неуспешна приказна за нашата држава, но успешна приказна за еден слој граѓани кој ги уживаат благодетите од власта. Во врска со пописот тој образложи дека директорот на ДЗС изјавува дека немало потреба од графата за национална припадност, затоа што тоа немало употребна вредност, како народот да е стока па за да се употребува,па по тоа ние не можеме да очекуваме реален попис.

Цуцуловски вели дека бесмислено е прашањето дали ќе биде регуларен пописот, затоа што сериозна земја не се занимава со вакви прашања како што е прашањето за јазикот и националната припадност на граѓаните.

Повеќе