Заев не е претерано интелигентен и доаѓа од заостаната земја

Џејсон Мико објави таен документ меморандум за „Северна“: Како што сите знаете, Заев не е претерано интелигентен и доаѓа од заостаната земја како што е Северна Македонија Меморандум До: професорите, бирократите, аналитичарите, политичарите, новинарите, културњаците, Владата на Северна Македонија и сите што се на наша страна Од: Луис Сифер Дата: Февруари 2019 Предмет: Одобрениот наратив за Северна Македонија Откако Владата на Зоран Заев од новоименуваната Северна Македонија ги прифати нашите барања, сметаме дека е корисно да го дистрибуираме овој меморандум, со повеќе поенти кои може да ги користат Заев и…

Заев да одговори дали постои договор со ДУИ за редефинирање на државата и исцртување нови граници

Заев да одговори дали постои договор со ДУИ за редефинирање на државата и исцртување нови граници Христијан Мицкоски во вечерашното издание на Топ Тема на Телма телевизија укажа дека постоела средба на Зоран Заев и ДУИ меѓу двата изборни круга во текот на претседателските избори. Тој го повика Заев да им одговори на граѓаните дали постоела средба и договор со ДУИ за политичко редефинирање на државата и исцртување на нови граници. Се погласни се шпекулациите дека помеѓу двата изборни круга има средба која што се случува во Тетово помеѓу Зоран…

Во недела е Духовден: Жени, никако не правете го ова на овој голем христијански празник

Црковниот празник посветен на слегувањето на Светиот Дух на апостолите, кој се празнува 50 дена по Велигден е еден од најголемите празници кои Македонската православна црква ги одбележува. На овој ден, на некои места се организираат поворки во кои учествуваат најубавите девојки од селото. Тие претставуваат русалки, вили настанати од душите на починатите девојки и потпоените жени, закопани без погребни обреди. Верувањата велат дека русалките настојуваат да нанесуваат зло, особено на жените и сакаат да намамат жртва до вода и да ја удават. Оттаму постојат многу забрани и ограничувања, па…

За Заев оценка нула од германските инвеститори значи постигнување европски бизнис стандарди

За какви бизнис европски стандарди зборуваше Заев во Германија кога германските инвеститури му дадоа нула во работата во економијата? Тој при неговата посета во Германија зборуваше дека 200 германски компании кои имаат свој капитал во Македонија се доказ дека земјава има европски стандарди за бизнис, но заборави на лошите оценки и забелешки кои ги доби од истите компании во март годинава. Во своето обраќање пред здружението за Источна Европа на германското стопанство, Заев бесрамно ја фалеше својата работа како имал година на економијата. Тој исто така говореше и дека паралелно…

Арсовски: Заев нетранспарентно и недемократски постави партиски послушници за да добие поддршка за криминалот и ограбувањето на државата

Зоран Заев си обезбеди партиска поддршка за криминалот, корупцијата и ограбувањето на целата држава. Зоран Заев нетранспарентно и на крајно недемократски начин си постави послушници кои ќе треба да му помогнат да ја задржи својата позиција откако ќе биде поразен на претстојните парламентарни избори кои што се неизбежни. Зоран Заев и СДСМ немаат никаква намера да метат ниту во партијата ниту пак во Владата, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде: „Како и што претходно рековме на нашите прес конференции и излагања, разрешувањето на партиските органи…

МВР бара 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи денеска објави оглас за вработување на 600 полицајци во повеќе сектори низ Македонија. Во огласот се наведени потребните услови за да може некој да конкурира. Меѓу другото, потребно е најмалку средно образование, добро познавање на македонскиот јазик, одредена височина за жени и за мажи и посебни психо-физички способности. Конкурсот трае 15 денови. На овој линк се сите потребни услови и документи : https://mvr.gov.mk

ВМРО-ДПМНЕ: Власта и натаму ги задолжува македонските граѓаните за милионски суми

Власта и натаму безмилосно ги задолжува македонските граѓаните за милионски суми. Власта ги задолжи граѓаните за нови 8 милиони евра, со што нето долгот за последниве две години надмина половина милијарда евра. Каде се завршија овие пари, пари на македонските граѓани? Македонија полека, но сигурно се движи кон должничко ропство и непосакуваното грчко сценарио, поради расипничкото работење на власта. Јавниот долг ја надмина и опасната граница од над 50 проценти од бруто домашниот производ, а за жал македонските граѓани не видоа ниту еден проект на владата на СДСМ и Зоран…

СДСМ не смее да му писне на ДУИ за одговорност

СДСМ се плаши од ДУИ и нема храброст да ги повика на одговорност лидерот на партијата Али Ахмети и Бујар Османи за да поднесат оставки поради тоа што против нив се отворени случаи и се водат обвиненија. Откако Павле Богоевски најави, а потоа и поднесе оставка СДСМ постојано ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељановски, Антонијо Милошоски и Илија Димовски да поднесат оставки од своите функции затоа што против нив се воделе судски процеси. Но, СДСМ во листата на функционери против кои се водат судски постапки не го додаваат и…

Меркел: Германија во септември ќе одобри старт на преговорите на ЕУ со Македонија

Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на Европската Унија со Македонија, согласно утврдените процедури на Германија за прашањата за проширување на Унијата, рекла германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, што се одржа во Берлин, соопшти владината прес-служба. На средбата канцеларката потенцирала дека Македонија го испорачала очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно. Премиерот Заев рекол дека Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел…