Заев не е претерано интелигентен и доаѓа од заостаната земја

Џејсон Мико објави таен документ меморандум за „Северна“:

Како што сите знаете, Заев не е претерано интелигентен и доаѓа од заостаната земја како што е Северна Македонија

Меморандум

До: професорите, бирократите, аналитичарите, политичарите, новинарите, културњаците, Владата на Северна Македонија и сите што се на наша страна

Од: Луис Сифер
Дата: Февруари 2019
Предмет: Одобрениот наратив за Северна Македонија

alt

Откако Владата на Зоран Заев од новоименуваната Северна Македонија ги прифати нашите барања, сметаме дека е корисно да го дистрибуираме овој меморандум, со повеќе поенти кои може да ги користат Заев и неговата Влада. Како што сите знаете, Заев не е претерано интелигентен и доаѓа од заостаната земја како што е Северна Македонија, поради што му е потребно колку што е можно повеќе помош за да го задржи во употреба името кое што му го избравме. Дополнително, додека го читате ова повеќето луѓе во земјата инсистираат дека тие се уште се „Македонци“, а дека државата им е „Македонија“, и се гневни поради промената на името, начинот на кој таа беше спроведена и се уште одбиваат да се предадат.

Оттаму, решивме да ги ставиме на хартија овие поенти, кои се насочени пред се кон Западниот свет, а чија цел е да се обесхрабри било каква помисла на „Македонија“ или на „македонскиот народ“, и се што е поврзано со нив. Знаеме дека на Запад, повеќето луѓе не се навистина заинтересирани за вистината и ќе прифатат се што ќе им кажеме. Вистината, како што е познато, не е нешто посебно важна деновиве.

Запомнете дека ако го контролираме јазикот, ќе ја контролираме дебатата.

Поенти

– Потребно е да го демонизираме секој „Македонец“ кој сака да го зачува своето име, идентитет, историја, култура итн, како „националист“, „проруски ориентиран“, „радикален националист“ или со други навредливи изрази. Обрнете внимание дека овие луѓе треба да бидат означени како заостанати провинцијалци, необразовани, сиромашни, огорчено прилепени за нивното име и историја, и поради тоа не сакаат земјата да им оди напред. Колку што можете почесто поврзувајте ги со Русија и обвинувајте ги дека земаат пари од Русите, работат за Русите, или пак конзумираат руска водка, руска салата, одат на претстави во Бољшој театар, што и да е.

– Продолжете да ја демонизирате десницата во земјата, особено политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Не сакаме да се случи да се вратат на власт и да го поништат нашиот прогресивен прогрес (оваа е партија која верува дека минатото е важно и се обидува да гради врз основата поставена од Македонците кои со векови наназад се бореле и се жртвувале за да направат татковина за македонскиот народ). Погрижете се оваа партија да биде означена како расистичка, националистичка, исполнета со омраза, и повторувајте им на сите заинтересирани дека луѓето во оваа партија го сакаат Господ, својата вера, црква, својата земја и својата историја, и се што ги прави посебни. Сите добри глобални граѓани ќе се згрозат кога ќе слушнат дека се уште постојат такви луѓе.

– Секогаш опишувајте ја Владата на Северна Македонија како „прозападна“ и инсистирајте дека тие се про-НАТО, про-ЕУ и про-прогресивни, и дека отсекогаш биле такви. Ако некој ви посочи дека во партијата на Зоран Заев, СДСМ, се уште се нарекуваат себеси „другарки и другари“, љубезно игнорирајте ги и сменете ја темата. Уште подобро, негирајте го ова тврдење, обвинете го тој што го изнесува дека е заглавен во минатото и потоа продолжете со разговорот на друга тема. Ако пак некој ви посочи дека коалицискиот партнер на Заев Али Ахмети ја почна својата политичка кариера како Марксист, обвинете го дека ги мрази Албанците и Муслиманите, и потоа сменете ја темата. Ако пак биде посочено дека Владата на Заев се залага за редистрибуција на имотот, абортирање на неродените Македонци, редефинирање на поимот семејство до негова непрепознатливост и дека смета дека слободата на говорот е опасна во едно општество, обвинете ги дека се „крајно десничарски националисти“.

– Од друга страна, доколку е полезно за нашата страна во одредени ситуации, зависно од личноста со која дискутирате (на пример со некој од албанската администрација) кажете им дека Владата на Заев го обожува претседателот Трамп и се што тој прави. Знаеме дека поради ова може да ви се приповраќа, ама сторете го тоа за каузата.

– Промовирајте го зборот на „С“, „Северна“, колку што можете повеќе. Дури и кога во реченицата не е потребно да користите „Северна Македонија“, сепак употребете го. Бидете креативни со новото име и забавувајте се! Секојдневно потсетувајте ги луѓето на името, секој час, секоја минута. Фондацијата Отворено Општество и нејзиниот основач Џорџ Сорос (мир на него) во јануари објавија извештај во кој името „Северна Македонија“ го употребија неверојатни 118 пати! Браво дечки! Сите што го читате овој меморандум, следете го нивниот пример.

– Погрижете се што е можно почесто да ја користите и придавката „северномакедонски“. Сакаме жителите да станат „Северномакедонци“, нивната историја да биде „северномакедонска“, нивната храна да биде „севернмакедонска“, нивните деца да бидат „Северномакедончиња“ (тие што нема да ги абортираат) и така натаму. Се поврзано со нив мора да биде „северномакедонско“.

– Искористете ја секоја можност да потсетите како Македонија и Грција на времето биле „заглавени во жесток судир“ и искористете ги објаснувањата на нашиот пријател Едвард Џозеф како сега меѓу двете земји владее мир, љубов и трајна светлина. Само алелуја и слава тебе Господи се слуша меѓу Грците и Северномакедонците – двата народи се сакаат толку многу што се практично подготвени да скокнат в постела едни со други!

– Повторувајте го ова додека не ви се слоши.

Запомнете, како што разни луѓе кажале во минатото, лага повторена доволен број пати станува вистина. Ова е нашиот план – повторувајте ги нашите лаги пред избраната публика – пред Западниот свет, кој ќе ви поверува. Повторувајте ги и сторете сите да се сомневаат во здравиот разум на оние Северномакедонци кои се уште инсистираат дека се „Македонци“. Кој знае, можеби еден ден ќе ги убедите тие заостанати провинцијалци дека навистина се Северномакедонци?!

Пишува: Џејсон Мико за Свест.мк

Повеќе