За Заев оценка нула од германските инвеститори значи постигнување европски бизнис стандарди

За какви бизнис европски стандарди зборуваше Заев во Германија кога германските инвеститури му дадоа нула во работата во економијата?

Тој при неговата посета во Германија зборуваше дека 200 германски компании кои имаат свој капитал во Македонија се доказ дека земјава има европски стандарди за бизнис, но заборави на лошите оценки и забелешки кои ги доби од истите компании во март годинава. Во своето обраќање пред здружението за Источна Европа на германското стопанство, Заев бесрамно ја фалеше својата работа како имал година на економијата.

Тој исто така говореше и дека паралелно со политичките реформи создавал поволна економска клима, а тоа го потврдувале германските компании кои вработувале 20.000 македонски граѓани. Не само што се пофали со инвеститорите кои пред само две години ги напаѓаше како експлоататори, туку и во неговото обраќање не спомна како тие го оценија пред само три месеци.

Германските компании во Македонија во март и дадоа нула на владата на СДСМ и Зоран Заев и порачаа дека тие го изгубиле фокусот во економијата. Инвеститорите дадоа негативна оценка и за владините даночни реформи, но и инвестирањето во образованието како и недоволноста од стручен кадар кој им е потребен на компаниите.

Во забелешките на германските компании исто така стои и дека земјава има лоша борба со корупцијата која е поврзана и со тендери кои немаат смисла, дека јавната администрација е бавна и дека честите промени на закони негативно се одразуваат врз бизнис заедниците.

Повеќе