Двојни стандарди на Заев: СДСМ бара одговорност од пратеници на ВМРО затоа што има постапки, но не смее да му побара на Ахмети

СДСМ секој ден излегува со соопштенија каде што повикува дека е време Трајко Вељановски, Антонијо Милошоски и Илија Димовски да поднесат оставки од своите функции затоа што против нив се воделе судски процеси. Но, СДСМ во листата на функционери против кои се водат судски постапки, но не го додаваат и нивниот коалициски партнер Али Ахмети кој е пратеник и против кого се води обвинение за случајот „Попис“.

Али Ахмети, претседател на ДУИ и пратеник е осомничен за прекинување на пописот во 2011 година. Се товари дека го има оштетени буџетот за 175.123.909 денари или околу три милиони евра.

СДСМ не ни помислува да побара оставка ниту од вицепремиерот Бујар Османи кој е еден од осомничените во случајот „Пациент“. Османи се сомничи за злоупотреба на службената положба како министер за здравство дека при јавни набавки за градежни работи во повеќе болници, наместо да ја избере најповолната понуда ја одобрил фирмата ГБС Благоевград која била поскапа од друга фирма што аплицирала на тендерот. Со ваквиот потег Османи за 500.000 евра ги оштетил државата и граѓаните.

Повеќе