ЗАЕВ: Датум ќе добиеме во октомври, следи реконструкција на Владата, нема предвремени избори!

Реконструкција на Владата, а не одлука за предвремени парламентарни избори. Продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од дебатата во рамки на деветтата седницата на Централниот одбор на СДСМ што вечерва се одржува во Охрид. Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во изјавата за медиумите појасни дека политиката на градење перцепција пред јавноста биле заради заокружување, бетонирање на извесната евроинтеграциска иднина на земјата. –Покрај тоа што одлично се движат процесите на ратификациите за нашето членство во НАТО, втората цел е конечно после 15 години да добиеме датум за почнување на…

МИЦКОСКИ: Илинденци се бореа, партизаните успеаја, јас ви ветувам обнова на Македонија!

Се борам за Македонија во која ќе има правда. Правда за обесправените, правда за прогонуваните, за сите оние кои што денеска се жртва на политичкиот прогон, угнетени, тероризирани, за сите оние маченици кои што се осудени на затворски казни повисоки од два века. Правдата значи заштита на чесните, но борба против нечесните, криминалците. Ние мораме да станеме земја каде судиите кои правдата е ја испорачуваат од словото на Уставот и законите, а не од словото на партиската книшка или притисок. Мораме да имаме обвинители кои нема да бидат корумпирани, ниту…

Мицкоски: Македонија е жива, покрај сите бури, сите премрежја, сите пакости кои се случија овие 29 години, а ВМРО е чуварот на оваа земја

Македонија е жива. Покрај сите бури, сите премрежја, сите пакости кои се случија овие 29 години, Македонија е жива. Тој вулкан на непокорот и најдлабокото чувство кое доаѓа од срцето и кое не прави горди, и среќни не само што тлее, туку татни. Татни затоа што покрај сите неправди и беспаќа секогаш го одбиравме потешкиот, но вистинскиот пат. А ВМРО е чуварот на оваа земја, ова денеска на 29 роденден на ВМРО-ДПМНЕ го истакна лидерот на партијата Христијан Мицкоски. -И има приказни кои траат долго, и тоа е така затоа…

ГРУЕВСКИ: Господинот “ХАЈ”треба да знае дека се ближи време за ГУДБАЈ.

ХАЈ ГУДБАЈ Нашиот премиер деновиве е ептен ХАЈ 😎 Најави човекот уште пред една година, откако започна фамилијарен бизнис со садење марихуана за медицински цели, па ни објаснуваше дека треба да ја легализираме марихуаната за да бидеме сите ХАЈ како што според него биле во Амстердам… Пред неколку дена, кога беше помалку ХАЈ, на Тв 24 кажа: “карикирам, можеби Груевски влегол во багажник на кола во подрум”. Тоа беше во духот на она од ноември лани дека “можеби” сум бил киднапиран. Неколку дена потоа за интервјуто за ФАЦ во Берлин…