Ова е човекот кој го избра Зоран Заев да ги консолидира редовите во СДСМ

Весковски, според многумина е човекот кој како прв човек општинската организација во Карпош успеа да му нанесе тежок пораз на ВМРО ДПМНЕ, прво на предвремените парламентарни избори во 2016-та година, а подоцна и на локалните избори. Неговото име се споменуваше како кандидат за градоначалник на општина Карпош, но социјалдемократите во последен момент се одлучија на локалните избори да истрчаат со Стефан Богоев. Сепак, за карпошани Весковски е практично идеологот на рушењето најнапред на ВМРО ДПМНЕ, а потоа и на карпошовиот бастион на Стевче Јакимовски. Секојдневните партиски активности кои ги предводеше…

Повеќе...

(ВИДЕО) Неприродно тресење на телото на Меркел, обвинета дехидрацијата

Ангела Меркел ја обвини дехидрацијата откако почна видливо да и се тресе телото на жешкото сонце во Берлин при пречекот на украинскиот претседател Володомир Зеленски, пишува Гардијан. Додека воениот оркестар ги свирел химните на двете држави, телото на канцеларката почнало неприродно да се тресе, а таа се обидувала да ги смири усните и да ја држи ситуацијата под контрола, истканува весникот. Како и да е, таа делувала подобро кога подоцна на прес конференција ја прашале за настанот. „Откако испив три чаши вода, кои очигледно ми беа потребни, се чувствувам много…

Повеќе...

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски, во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО, „Таргет Тврдина“, рече дека освен во Управата за безбедност и контраразузнавање, имало работни станици на други места во градот поврзани со оптички кабел со системот за следење на комуникациите. – По налог на началникот Горан Грујевски беше формирана работна станица во просториите на аероклубот спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“. Се пристапуваше надвор од кругот на МВР. Секој компјутер беше врзан на „Најс“ – рече инженерот во УБК, Трајковски. Освен таму, работна станица на УБК имало и…

Повеќе...

Нема отварање на преговори за Македонија и Албанија

Земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври 2019 година на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија, се договорија министрите за надворешни работи на ЕУ, попладнево во Луксембург. Оваа верзија бележи ситни промени, како поздравувањето на договорот од Преспа, на што инсистираа поддржувачите на Северна Македонија во Советот, и елемент кој внесува мала разлика во споредба со заклучокот за Албанија. Сепак, земјите членки не успеваат да се договорат за датум за почеток на преговори, и повторно ветуваат да се навратат на ова прашање најдоцна во октомври годинава.…

Повеќе...

Беговиќ: Не е прифатливо стерилизацијата да се врши на едно место, а инструмените да се носат на друго место

Централизација на стерилизација на инструментите  Концептот не можеме да го разбереме, не е прифатливо за нас стерилизацијата, да се прави на едно место, а тие инструменти би се носеле во друг град. Не знаеме колку време тие инструменти и материјали можат да бидат стерилни, вели Горан Беговиќ, Претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар – ССКЦ. Според него држењето во неизвесност на една хируршка екипа, да чека од друга град да и дојдат стерилни инструменти не е добро. „Нашата стерилизација во склоп на хирургија е најдобар пример. Инструментите ни се…

Повеќе...

Шлемови на Криволак: Политичарите можеби се заштитија од шрапнели, но граѓаните ги „убија“ со потсмев

Стотици мемиња со потсмев се раширија на интернет по вчерашната фото сесија на највисокиот државен врв на Македонија на полигонот Криволак. На социјалните мрежи има илјадници коментари, со потсмев кон политичарите кои со војнички шлемови на главите се сликаа на воениот полигон, а потоа сите на своите профили на социјалните мрежи објавија галерии со фотографии. Една од многуте духовити фотомонтажи и мемиња на социјалните мрежи е и оваа со „еколошки шлем“ на главите на политичарите од државниот врв.  

Повеќе...