Вечерата со Путин ја чини 30.000 евра и 6 месеци условно

Славната италијанска актерка Орнела Мути од италијанскиот Врховен суд беше прогласена за виновна за користење лажно докторско оправдување за да го избегне нејзиниот професионален настап во рециталот закажан во местото Порденоне за да замине во Санкт Петерсбург на вечера со рускиот претседател Владимир Путин.

На вечерата биле и други ѕвезди од шоу бизнисот како Жерар Депардије, Моника Белучи, Голди Хоун и Шерон Стоун.

Скандалот се случил во 2010 кога Путин бил премиер, а во петокот Врховниот суд на Италија ја казни актерката со шест месеци условна затворска казна и парично со 500 евра. Освен тоа , Орнела Мути ќе треба на театарот во Порденоне да му плати казна од 30.000 евра, зашто имала договор за професионален настап таму. Доколку не ја плати казната, ќе оди во затвор.

Врховниот суд ја потврди пресудата на два пониски суда, кои ја прогласија Мути виновна за измама. На одлуката на Врховниот суд нема жалба и со тоа е завршен долгогодишниот судски процес.Мути се правдала дека не множе да дојде на рециталот зашто има ларингитис и температура.

Организаторите на рециталот се нашле во незгодна ситуација, зашто веќе биле продадени билетите , а ѕвезда на вечерта требало да биде Орнела Мути.

Но, кога се појавиле фотографиите од вечерата со Путин ,управата на театарот решила да ја тужи Мути. Таа на суд рекла дека нема да може да ја плати казната од 30.000 евра.

Извор: taratur.mk

Повеќе