Струмичанка со отров во кафето се обидела да го убие сопругот

Ставила хербицид во кафето и му го дала  на сопругот да го испие. 39 годишна жена од струмичкото село Иловица е  осомничена дека се обидела да го отруе нејзиниот  сопруг.  Од основното  јавно обвинителство во Струмица  веќе е поведена истражна постапка против жената бидејќи се сомничи дека се обидела да  изврши кривично дело убиство во обид. Настанот се случил пред околу две недели  во семејниот дом.  За случајот и поведената постапка денеска преку соопштение информираа и од јавното обвинителство од каде наведуваат дека хербицид „Моносан Херби,, било средството кое му…

Се најавува откривање на нов огромен скандал во владата

Експрес.мк објавува индиции за нов скандал во кој се инволвирани еден висок владин функционер, едно раководно лице во државен ентитет во сопственост на владата, но и целата влада која што дозволила прекршување на правила и процедури. Според порталот аферата е тешка повеќе милиони евра а за неа досега нема покренато никаква правна процедура ниту од соодветните владини тела ниту од обвинителството. Во скандалот според информациите на колумнистот на expres.mk покрај кршење на македонски закони и владини процедури владата влегува во директен конфликт со една моќна и влијателна меѓународна институција чиј имиџ…

Бишевац: ВМРО-ДПМНЕ има поголем рејтинг од СДСМ, ако продолжи вака Заев, резултатот е извесен

Поранешниот пратеник од СДСМ, новинарот Сафет Бишевац призна дека анкетите говорат оти ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски во овој момент има поголем рејтинг од СДСМ и Зоран Заев. Тој вели дека ако продолжи таа тенденција, исходот на следните избори е повеќе од јасен. Две работи му се случија денеска на Заев. Прво, оcтавката на Петар Атанасов, прв сepиозен удap на политиките на Заев каде има ceриозни обвинyвaњa за начинот на функционирање на оваа власт. И второ, изјавата на францускиот амбасадот Тимоние: „Чекајте бе луѓе што сте запнале со датумот“, и немањето…

Владата размислува за учество во изградбата на нуклеарната електрана во Белане

Македонија има интерес да се приклучи на проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа Белане, која е единствена во Југоисточна Европа, објави „Телма“. Но, реализацијата на овој исклучително значаен проект за целиот регион се уште не е дефинирана, вели вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Бугарија објави повик со кој бара партенри за изградбата на нуклеарката, но условите за учество се уште се нејасни. Ние пројавивме интерес за учество во Белане, меѓутоа се уште концептот од бугарска страна не е јасен, се уште и тие немаат до крај изградено ниту …

„Полот е биологија, а не идеологија“ и „Бракот е заедница единствено помеѓу маж и жена“

Со транспаренти „Полот е биологија, а не идеологија и „Бракот е заедница единствено помеѓу маж и жена”, истовремено со Парадата на гордоста, се одржа и марш за промоција на семејните традиционални вредности. Учесниците на овој марш велат дека никој не е против поразличните, но сметаат дека тие не смеат да наметнуваат новокреирани вредности кои се против продолжување на семејните гранки. За верниците, западните земји ни наметнуваат антитрадиционална пропаганда која има за цел редефинирање на бракот и семејството. Собирот започна со утринска литургија во црквата Света Богородица на која присуствуваше владиката…