Власта која се колнеше за слободно новинарство не знае што е ЈАВЕН ИНТЕРЕС и со закани со кривични пријави и со високи глоби ги дисциплинира медиумите?!


Мега скандал веќе неколку денови ја тресе Македонија поврзан со владата на Република Македонија во кој инволвиран е генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Скандалот кој прв го објави порталот Експрес и новинарот Горан Момировски веќе денес добија закана за тужба од Рашковски.

Парадоксална тужба добија уште неколку новинари бидејќи открија СКАНДАЛ доставен од свиркач и истиот е од ЈАВЕН ИНТЕРЕС.

Владата предводена од СДСМ, невладините организации, тајни поддржувачи и приврзаници на СДСМ кои се КОЛНЕА во слободното новинарство, заробената  демократија и критичкото новинарство кое било забрането од страна на минатата власт 11 години, речиси откако седнаа во фотелјите заборавија кој допринесе да седнат во истите фотелји- НОВИНАРИТЕ и МЕДИУМИТЕ!

Истите тие новинари и не истомисленици три години откако е СДСМ на власт се под голем притисок, закани и тужби секогаш кога сакаат да објават некој скандал поврзан со власта.

Рашковски најави и арбитражна постапка и против порталите Курир, Експрес, Инфомакс и Лидер само затоа што го пренесоа мега скандалот со кој откако е пренесен преку средствата за јавно информирање и е од јавен интерес треба да се позанимаваат надлежните институции.

Од ова произлегува дека логично би било Рашковски да се спротистави на надлежните органи, а не на новинарите.

Инаку арбитражна постапка за разлика од судскиот процес завршува во покус временски период, поевтин процес е и во процесот одлучува независно лице.

По заканите за тужби до новинарите и медиумите, се огласија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) каде се вели дека ваквите постапки претставуваат директен притисок врз работата на медиумите.

-Како што е наведено во Декларацијата за слобода на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа: „јавните функционери мора да прифатат дека тие ќе бидат предмет на јавен надзор и критики, посебно по пат на медиумите во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции во онаа мера во која тоа е неопходно поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“. Секој, вклучително и носител на јавна функција кој смета дека медиум му наштетил на угледот, честа или интересите така што објавил нешто неточно, погрешно или лажно за него или објавил нецелосна информација има право од медиумот да побара да објави исправка или одговор на објавената информација.

Агенцијата постојано апелира првенствено да се користи правото на исправка или одговор наместо директно да се прибегнува кон тужби против новинари и медиуми, особено кога станува збор за носители на јавни функции.

Заканите за тужби, наместо користењето на правото на исправка или одговор претставуваат загрозување на слободата на информирање и воопшто, на слободата на медиумите. Во ниту еден момент не треба да се заборави дека улогата на медиумите е да бидат критички настроени и коректори на власта и дека тие треба да се охрабруваат темелно и професионално да ги извршуваат своите обврски кон јавноста, стои во нивната реакција.

Веднаш по ова реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која вели дека ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува нападите и заканите кон медиумите и новинарите од страна на Драги Рашковски од позиција Генерален секретар на Владата, кој што од позиција на сила наместо со аргументи се  обидува да заплаши и замолкне медиуми, новинари и членови на опозицијата кои работат во јавен интерес.

Застрашувачки е фактот што денеска Рашковски најави тужба против четири медиуми и четворица новинари: Горан Момировски, Љупчо Златев, Миленко Неделковски, Ирена Радовановиќ како и против две други лица Ваљон Беља и Љупчо Палевски.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) исто така најостро ги осудува заканите на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, упатени до новинарите и медиумите на денешната прес конференција во Владата.

Ваквите постапки од МАН посочуваат дека претставуваат директен пристисок врз работата на медиумите.

-Рашковски директно го прекршува Член 3 од Законот за медиуми и Уставот со кој се гарантира слободата на медиумите и што таа опфаќа. Со овие закани, генералниот секретар на владата врши директен политички притисок. Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара од генералниот секретар Драги Рашковски да престане со закани и да се повлечете од намерата за судски прогон. Токму ваквите постапки ја донесоа Македонија на врвот во ЕУ по црна статистика. Во ЕУ, 23% од медиумите и новинарите се под директни судски закани и политички притисок, во земјава просекот е фантастични 52%, соопштија од МАН.

Инаку ова не е прв пат новинарите да не добијат никаква заштита три години откако СДСМ е на власт.

Пред само неколку денови откако медиумите објавија скандал со градоначалникот на Шутка Курто Дудуш кој преку аудио снимка се слуша како киднапира и физички малтретира човек, директно се закани до редакцијата на Лидер која го објави скандалот.

Неодамна исто така новинарот Бранко Героски кој си даде оставка од функцијата на главен и одговорен уредник во дневниот весник Слободен печат истото го направи поради притисокот со кој се соочувал додека го водел слободарскиот весник кој го негувал критичкиот однос кон властите.

По ова реагираше и Здружението на новинари на Македонија кое потсети дека „Уставот на Република Северна Македонија ја гарантира слободата на изразувањето, а цензурата е забранета“.

ИНЦИДЕНТИ

Годинава имаше закани по живот, закани со насилство, навреди и клевети упатени кон новинарите на редакцијата Курир.мк директно преку социјалните мрежи. Во таа прилика МАН ги повика МВР и обвинителството да ги преземат сите мерки против лицето кое се заканува по живот и да ги заштитат новинарите од вакви и слични закани, напади, навреди.

Минатата година во септември дел од новинарите на социјалните мрежи ја споделија случката од брифинг со вицепремиерот, Кочо Анѓушев посочувајќи дека се се’ случувало кога камерите биле исклучени. Анѓушев како што рекол на брифингот, бил лут затоа што бил критикуван од медиумите. На вицепремиерот Анѓушев не му се допаднала емисијата на 360 степени и во знак на револт на брифингот го фрлил фломастерот кон новинарите со кој црташе и објаснуваше за автопатот Кичево – Охрид. „Претеравте, претеравте“, со висок тон Анѓушев повторувал и гледал кон новинарите, кои не знаеле за што се работи.

Јули минаната година пред почетокот на лидерска средба свикана од Заев на фоторепортерите не им беше дозволено фотографирање. И не само тоа, следеа и закани од раководителот на владината служба за односи со јавност, Марјан Забрчанец „Единаесет години ве газеа, ќутевте, а сега ли најдовте да зборите“. По овој инцидент предизвикан од претставник на владата на СДСМ, реагираат Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, како и од еснафските здруженија.

Во средината на април оваа година беше забележано уште едно оневозможување на новинари во вршење на својата работа. Имено новинарска екипа на тв21 беше нападната во Арачиново, а инцидентот се обидоа да го сокријат  надлежните, па реакции дојдоа по некој ден од настанот.

На почетокот на 2018 година исто така беше нападната екипа на тв 21, но тогаш во МНР, тогаш новинар на телевизијата беше предупреден од страна на вработен во министерството да не го доврши прашањето кое што решил да го постави.

ОПОМЕНИ

Кон крајот на април годинава повикувајќи се на благо зголемување на случаи кои зборуваат дека новинари се мета на говор на омраза претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски ги потсети Владата и институциите дека треба да гарантираат безбедна средина за работа на новинарите. Тој нагласи дека тоа може да се постигне единствено со прекинување на неказнивоста на оние кои напаѓаат новинари. Ова е само едно од низата укажувања од еснасфските здруженија.

Во февруари годинава Здружението на новинари на Македонија го повикаа премиерот Заев „сериозно да разговара со своите министри бидејќи изјавите и однесувањата се непримерни и директно ја загрозуваат слободата на медиумите и слободата на изразувањето“.

КУРИР


Време дошло да се „средат„ медиумите и да се обели образот на јавните функционери?!

Браво! 5 –

Повеќе