Турција запленила супстанца „Калифорниум„ од која се прави атомска бомба: 18 грама вредат 72 милиони долари!!!

Запленетиот калифорниум се користи за нуклеарно оружје и во атомските електрани.

Полицијата во градот Болуу, во црноморскиот регион на Турција, запленила 18 грама калифорниум, радиоактивна супстанца која се користи за нуклеарно оружје и во атомските електрани, а во акцијата биле уапсени пет лица.

Агенцијата “Anadolia” на својот сајт пренесува дека вредноста на запленетиот калифорниум изнесува 72 милиони долари.

Во соопштението од кабинетот на гувернерот на Болуу е наведено дека полициското одделение за борба против шверц и организиран криминал спровело акција во чии рамки бил следен еден автомобил.

Сомнителниот автомобил бил сопрен, а по деталната претрага во него биле пронајдени 18,1 грам калифорниум. Се наведува дека запленетата количина на оваа радиоактивна супстанца е проследена во Турската агенција за атомска енергија

Уапсени биле најмалку пет лица, против кои е отворена истрага.

 

 

Повеќе