ДОНЕВ: На денешен ден 8 – ми Јули во 1990 година, пред 29 години, е основан Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица

Почитувани членови, симпатизери и сограѓани.

На денешен ден 8 – ми Јули во 1990 година, пред 29 години, е основан Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица чија територијата ги опфаќаше и сегашните комитети на Босилово, Василево и Ново Село.

Секој член, симпатизер и искрен поддржувач на идеите на ВМРО – ДПМНЕ по речиси три децении со гордост ги спомнува предизвиците со кои се соочи нашата Партија и Општинскиот комитет во Струмица и се радува за сите заеднички остварени победи, проекти и успеси. Секој лојален член е подготвен за сите предизвици кои претстојат затоа што секој искрен патриот никогаш нема да се откаже од борбата за докажување на вистината, правдата и доброто за општина Струмица и татковината Македонија.
Не се откажавме во годините на мачниот процес на самостојноста, искушението на транзицијата, во деновите на конфликти и денеска немаме намера да отстапиме ниту дел од нашата замисла за подобро утре на сите.

Општинскиот комитет со благодарност и пиетет го помни придонесот на основачите, активните членови, претседатели на месни комитети, членови на комисии или членови на сите досегашни состави на општинските комитети, секој симпатизер кој со својот труд придонел за општиот прогрес.

Општинскиот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ Струмица се труди да биде конструктивна опозиција на власта и да придонесе со идеи, предлози и критики кон квалитетот на животот на секој граѓанин во општината и државата. Работиме ангажирано на следење на состојбите во сите сектори, ги среќаваме сограѓаните и се трудиме да најдеме и предложиме решенија.

Во периодот што претстои Општинскиот комитет ги отвара вратите за соработка со секој сограѓанин.
Го повикуваме секој квалитетен човек кој гледа дека оваа власт значи економско уништување, политичко уназадување и национално предавство, да ни се придружи на заедничка работа до денот на нејзниот катастрофален пад и историско исчезнување.

Да живее
ВМРО – ДПМНЕ ОК Струмица,
Да живее Струмица,
Да живее Македонија! 🇲🇰 🇲🇰 🇲🇰

АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОК ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА

 

Повеќе