ИТАЛИЈАНСКИ ИСТОРИЧАР ВО 1933-ТА: Сите завојувачи на Македонија залудно се обиделе да ја избришат македонската историска свест

Сите завојувачи на Македонија – Хелените, Римјаните, варварите со нивните големи преселби, Турците, се обиделе да ја избришат македонската историска свест, наметнувајќи ѝ на земјата административни имиња, и тоа вештачки, вели италијанскиот историчар Оскар Ранди.

– Но, залудно. Кој е роден во Македонија знае и се изјаснува дека е Македонец, пишува Ранди во 1933 година.

А историјата и се повторува на Македонија и денес, во време на слобода и своја држава, со бришење на македонската свест.

(Извор: Nurigiani G., La Macedonia nel pensiero italiano, Roma, Casa Editrice Ausonia, 1933, p.125)

(Д.Г.)

ДЕНЕШЕН.МК

Повеќе