Венко Андоновски – Револуција и филозофија

Маркс тврдеше дека секоја револуција е остварување една филозофија. Нему не му беше блиска наивната идеја, омилена кај народот, дека револуцијата е хаотичен изблик на долго таложен класен и колективен гнев. Можеби гневот и незадоволството од постојниот свет се гориво за остварување на планираната филозофија што стои зад револуционерното движење, но филозофијата е таа што ја дава сликата на новиот, посакуван од револуционерите свет. Без таа слика, револуцијата би се претворила во хаос. Филозофијата е таа што прецизно го скицира револуционерниот идеал што треба да се оствари и поствари. Идејата…

ЛАМБЕ АРНАУДОВ – LUPUS – SLЕ

Господ да ја чува Македонија од политичари дезертери, интелектуалци кукавици и корумпирани судии. Сите заедно се бојни отрови, нуклеарен отпад и поединечна и групна опасност за дискриминација на луѓето. Ги задушуваат човечките права и слободи, ја занемуваат гласноста на демократијата, радиоактивно го озрачуваат општеството и немилосрдно газат по човечки судбини одземајќи им ја неправедно слободата, имотите, а не ретко и животите на нивните граѓани. Апокалиптично, зар не? Но, сепак уште пострашно, сите тие се Lupus за македонското општество. LUPUS – SLE ( системски лупус еритематозус – systemic lupus erythematosus )…

Усвоен предлог-закон за основното образование

На предлог на Министерството за образование и наука, на денешната владина седница е усвоен текстот на предлог-законот за основното образование, кој ќе биде доставен на усвојување во Собранието. – Донесување на нов Закон за основното образование е со цел за квалитетно уредување на условите и постапката за основање, статусните промени и престанок на основните училишта, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на основното образование, уредување на воспитно образовната дејност на основното образование, управување, развој и финансирање на основното образование, правата и обврските на учениците, родителите, наставниот и…