ЗАЕВ ги продаде Македонците за 30 милјарди евра од ЕУ во форма на проекти-пишува “Демокрација”

Словенечка „Демокрација“: Заев ги продаде Македонците за 30 милијарди евра

 

Како успеаја да се договорат за нешто за што никој не се договорил цели 27 години, прашува словенечка „Демокрација“, која пренесува информација на грчкиот весник „Прото тема“ дека премиерите на Република Македонија и Република Грција, всушност биле подмитувани.

„Откако грчкиот премиер Алексис Ципрас и македонскиот премиер Зоран Заев постигнаа договор за новото име на Македонија (Република Северна Македонија), сите се прашуваат како успеаја толку брзо да се договорат за нешто што е суштината на спорот 27 години“, пишува „Демокрација“.

„Ципрас и Заев, прокламирани левичари, ги продадоа своите народи за пари. Според Прото тема, Македонија ќе добие 30 милијарди евра од ЕУ во форма на проекти и инвестиции (три македонски бруто-домашни производи) и Грција со неверојатни билион евра.

Повеќе