Одбројани се деновите на оваа власт, нека внимава што прави, предупреди лидерот на ВМРО ДПМНЕ

Притвор за Катица Јанева бара Христијан Мицкоски

 

На попладневната прес конференција, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски објасни зошто нема да дојде на лидерската средба на која повика Зоран Заев во петок, а побара и притвор за специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева.

-Катица Јанева се’ уште е на чело на ова слабо и корумпирано обвнитество. Постои можност за бегство и за влијание на сведоци, рече Мицкоски.

За јавниот повик на Заев за лидерска средба, Мицкоски врати:

Заев повикува на лидерска средба во петок. Не ја гледам потребата од мое присуство на средба, на која ќе се разговора за се’ само не затоа што и’ е потребно на Македонија – датум за членство во ЕУ. Како да имаме средба со така дијаметрално спротивни ставови, рече Мицкоски.

Според него работни групи составени од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ интензивно работат на Законот за јавно обвинителство, иако има дијаметрално спротивни разлики. Јанева беше една од разликите, кажа и предупреди:

-Одбројани се деновите на оваа власт, нека внимава што прави, предупреди лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Повеќе