РУСЈАКОВ – Ненормална работа

АЛЕКСАНДАР РУСЈАКОВ Не ги можам веќе либераливе. Ама стварно. Не заслужуваат никаква сериозна анализа. Камоли дебата. Затоа ќе си терам по свое. Оти ме изморија сериозно. Досадни се како непријатно чешање што се појавува на грбот, а ти не можеш да го дофатиш местото, па мора да се чешаш од работ на вратата. Како го губат тлото под нозете, така стануваат неподносливи за консумирање. Се фатиле за популизмот како слепи за стап. Еве сега стана и авторитарен популизам. И во секоја нова колумна што ја читам, а напишана од таканаречен…

Повеќе...

Станува се поочигледно дека Македонија ја владее криминална банда која создаде нов рекетарски – судско – политичко – медиумски октопод

Поминаа три дена, а од Катица Јанева ниту трага, ниту глас. Три дена не доаѓа на работа. Три дена се крие и бега од одговори и одговорност. Платата тешка илјадници евра и стигнува на сметка, а нејзе ја нема. Кружат информации дека заминала од Македонија. Ова сигурно не е право и правна држава. Наместо да одговара пред законите, таа продолжува да ги влече конците, да овластува обвинители и да потпишува акти на СЈО, ова денеска преку прес-конференција го истакна Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. -Станува се поочигледно дека Македонија ја владее…

Повеќе...

Мицкоски за „Експрес“: Заев е главата на криминалниот Октопод

Во ексклузивно интервју за Expres.mk лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски разговараме за последниот скандал со рекетирање, за иднината на СЈО, и за лидерската средба на која премиерот Заев повика. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски открива дека главата на криминалниот октопод е Зоран Заев. Тој изјавува дека власта залудно сака да ја индивидуализира одговорноста за криминалот на само неколку луѓе, потенцирајќи дека се работи за организирана група која вклучува луѓе од блиското опкружување на премиерот. Мицкоски во интервјуто ја коментира изјавата на премиерот за тоа дека сите биле еднакви пред законот, додавајќи дека ако…

Повеќе...

РУСКОВСКА: Заев прв ни го откри „Рекет“

Премиерот Зоран Заев прв ме извести дека бизнисмени му се пожалиле оти се уценувани, вели шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. -Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на РС Македонија, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но, ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави, посочува Русковска во изјава за „Независен весник. Премиерот Заев вчера на прес-конференција информира дека кај него се обратиле бизнисмени кои не се од Скопје, а кои…

Повеќе...

Додека земјоделците ги фрлаат праските, државата увезува од странство за повисока цена, новиот министер Димковски „тера“ партиски средби (ФОТО)

Земјоделците мака мачат со речиси сите видови на овошје и зеленчук овие три години откако СДСМ е на власт. Овие недели најактуелна е продажбата на праските која речиси и да ја нема или ја има по смешна цена. Откако производителите на праски неодамна протестираа со истурање на родот во знак на револт поради незаинтересираноста од страна на Министерството за земјоделство, Заев го смете поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски, но сепак со „метлата“ само и замачка очи на јавноста, бидејќи ново назначениот министер Трајан Димковски е „копија“ на Николовски. Димков…

Повеќе...

Манчев до Филипче: Градите куќа, а немате темел, каде ќе ги остваруваат пациентите овие права ако докторите ни бегаат од државата

Пратеникот Ванковер Манчев од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ при заседавање на Комисија за здравство посочи до министерот за здравство Венко Филипче дека прво треба да се донесе закон за заштита на права на здравствени работници, а потоа закон за заштита на права на пациенти. Почитуван министер иако декларативно во повеќе изјави или да не речам во секое ваше излагање изјавувате дека се залагате дека приоритет ви се докторите и здравствените работници, во пракса апсолутно тоа го негирате, појасни Манчев. Манчев го запраша министерот Филипче зошто законот за права…

Повеќе...

ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ БРУТАЛНО ИЗБРКАН ОД СВОЈАТА КАНЦЕЛАРИЈА И СУДСКАТА ЗГРАДА

Екс претседателот на Кривичниот суд во Скопје Владимир Панчевски денес кога отишол на работа буквално како партал бил избркан од својата канцеларија и воопшто од судската зграда, без да има никакво писмена одлука или известување доставена до него од страна на државен орган или судот. Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми! Така…

Повеќе...

БЕЛИЧАНИ ГО ЗАВРШИЈА ШЕСНАЕСЕТКРАКОТО СОНЦЕ: Викендов тука ќе се заигpa оро и ќе гpмнe тaпан

Жителите на кичевското село Белица во пресрет на Беличките средби што ќе се одржат викендов се подновија со ново шеснаесеткрако сонце пред селската црква каде ќе се вијат ора и ќе гpми тaпан. “Вeчно нека сjaе сонцето кое е симбол на сите Македонци од целиот свет. Татко и син кои од мали нозе се вистински уметници со дрво, а синот со сликарство денес го довршија нивното дело и вeтeн дap во пpeсрет на Беличките средби кои се заkaжани и ќе се одpжaт овој викенд. Гоcпoд да ги благocлови сите кои…

Повеќе...

Ивор Мицковски: 14 грама и година робија наспроти тон неправда и децении неказнивост

За објавената пресуда од една година затвор за Моника за поседување 14 грама марихуана, Ивор Мицковски реагираше на неправедниот однос. Тој на својот фејсбук профил напиша: Во екот на еден од најголемите, најзамрсени и најразочарувачки скандали во историјата на оваа земја, девојка е осудена на година дена затвор за 14 грама марихуана. 14 грама и година робија наспроти тон неправда и децении неказнивост.

Повеќе...

Мицкоски: Како Заев не знае кои се Кики и Фрики, а знае кој бил уценуван?

Главата на криминалниот октопод е Зоран Заев, обвинува лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски коментирајќи ги последните случувања околу аферата „Рекет“, која ја стресе власта. Според Мицкоски се работи за организирана група која вклучува луѓе од блиското опкружување на премиерот. Но главата на тој криминален октопод не се овие обвинети, ниту пак самото СЈО кои се спроведувачи на директиви, туку отворениот сомнеж говори дека тоа е Зоран Заев лично, а пипците на таквиот криминален октопод се луѓето околу Зоран Заев и во дворот на неговата партија – тврди Мицкоски. Според Мицкоски функционер…

Повеќе...