ЗАЕВ: Русковска наместо Катица Јанева во СЈО

Следната недела во Собранието ќе биде предложен нов текст на законот за Јавно обвинителство, во кој се вградени оние точки со кои е разговарано со опозицијата и со сите пратенички групи и кои се прифатливи за сите, ако не за најголемиот број пратеници. Ова го соопшти денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, појаснувајќи дека со законското решение се предлага Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Новиот закон денеска ќе биде доставен до сите политички партии и до…

Повеќе...

ВЛАДА: Заев ја откажа лидерската средба

Владата денеска преку соопштение информира дека не се создадени услови за постигнување консензус за организирање на лидерската средба закажана за денеска и дека таа нема да се одржи. Владата, се додава, одбива да прифаќа ултиматуми од неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја. Во соопштението, се посочува дека претседателот на Владата Зоран Заев на 15 јули на отворен настан, а потоа и со покани, ги повика претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на…

Повеќе...

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е народниот херој Борка Талески кој на 21 година бил предаден и изрешетан од бугарските фашисти на Плетвар

На денешен ден е роден македонскиот народен херој Борка Талески, кој загинал за слобода на Македонија на 21-годшина возраст, откако бил предаден, а бугарските фашисти свирепо го изрешетале. Борка Талески познат под партизанските имиња Црниот и Модерното е роден на 19 јули 1921 година, а загинал на 2 март 1942 на Плетвар во Прилепско. Тој е еден од организаторите на востанието против фашистичкиот окупатор што било дигнато на 11 октомври 1941 година во Прилеп. Борка е син на Спасија и Петре Талески. Дедо му Тале бил фурнаџија. Неговото  семејство било…

Повеќе...

Пендаровски немал правен основ да ги поништи указите на Иванов за унапредување на старешините

Претседателот Стево Пендаровски со укази разрешил пет од шестмината старешини кои неговиот претходник Ѓорѓе Иванов ги унапреди на нови позиции во Армијата непосредно пред неговото заминување. Истовремено, Пендаровски донел и три нови укази кои се однесуваат на тројца од овие старешини. Така, генералот Орце Јордев, е разрешен и повторно именуван за заменик командант во оперативната команда на Генралштабот во Армијата. Полковниот Маријо Јуришиќ е разрешен и повторно именуван за воено аташе во Франција. Полковникот Бесник Емини е разрешен и порераспределен на друга позиција во Армијата. Пендаровски ги разрешил и полковникот…

Повеќе...