Сведок: Чекајте апсење на Катица Јанева

Новинарот Саше Димовски, кој со години пишува за аномалиите во судството, на порталот „Сведок“ објави коментар „Кичевски, какви цигари пушиш, да ти испратам во притвор да не ти е досадно?“. Димовски ја објаснува својата врска со Зоки Кичеец, за кого вели дека ги поминал сите црвени линии во обидот да дојде до новинарот и да „го замоли за услуга, да ја избрише веста или Фејсбук постот“. Димевски во својот текст најавува апсење на Катица Јанева. Ви пренесуваме краток дел од текстот, а целиот текст можете да го прочитате на „Сведок“.…

Миленко Неделковски со ексклузивни информации за нов случај на “Рекет” повторно исти играчи креатори на рекет

Новинарот Миленко Неделковски на својот веб портал објави информации за нов Рекет направен овојпат од Сашо Василевски и Катица Јанева. Во прилог објавата во целост: Ова што го објавувам вечерва не го сметам за бомба. Имено, мислам дека називот “бомба“ што на снимените разговори го дадоа од СДСМ на чело со Зоран Заев, а и овие што ги објавија Момировски, Златев и на крај Геровски е НЕСООДВЕТЕН. Едноставно, се објавуваат тајни, скриени работи, поврзани со криминал, изнуда, рекет, мито, злоупотреба на службената дејност и слично. Значи, кој како сака, ама…

ВМРО-ДПМНЕ: Трипати амнестираниот за криминал Зоран Заев е главата на најголемиот рекетарски октопод во историјата на Македонија

Криминалниот октопод на СДСМ на чие чело е аболицираниот Зоран Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството, а граѓаните станаа жртви на криминалното работење на власта, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ. – Никој во Република Македонија не верува дека човекот кој е три пати амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев не е вмешан во најголемата корупциска афера во поновата македонска историја, случајот Рекет. Единствена партија во Македонија која застана во заштита на криминалот во Македонија е СДСМ. Што се случи одговорноста, кривична и политичка за Курто Дудуш, градоначалник од…

ДАМОВСКИ ДО ЧОМОВСКИ: Не, ти не си капетанот, ти си дупката во бродот 1 ТВ

Македонскиот режисер Борис Дамовски преку Фејсбук реагира на изјавата на новинарот Александар Чомовски од 1 ТВ дека ќе останел со младите новинари да ги учи и ќе се обидел да ја спаси телевизијата, чиј сопственик Бојан Јовановски алијас Боки 13 е во притвор поради рекетирање на бизнисмени. – Јас сум капетанот што последен го напушта бродот, изјави вчера Чомовски во интервју за Канал 77. Тој е познат и по тоа што остана последен и го исклучи светлото во некогашната телевизија А1. – Не. Ти си дупката во бродот, му одговори…

ЗАЕВ ЗА ГРЧКА ТВ АЛФА: Јас сум човекот во С. Македонија кој ќе остане запаметен дека под мое лидерство е сменето името на нашата земја

Господинот Мицотакис е искусен политичар и сигурно ѝ мисли добро на својата земја и на своите соседи, па и на целиот балкански регион, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија Алфа, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција, јави МИА од Атина. Заев во интервјуто објавено во два дела, секој дел во траење од околу три минути, говори за Договорот од Преспа, за зближувањето на народите, за економската соработка, за неговото пријателство со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, вели дека во нашата земја ќе…

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Дескоска со новиот закон раскажува – како Боки 13 одработи за Заев и Рускоска!

Дарко ЈАНЕВСКИ Полека се исцртуваат рамките на целата операција со Орце Камчев, рекетот од Боки и улогата на Заев. Ако се сеќавате, по првичниот хаос, самата Рускоска рече дека Камчев пријавил кај Заев, а Заев кај неа. Што е фина тројка. Новите Чарлиеви ангели, наместо Катица, Фатиме и Ленче. И така тргна приказната која од Заев создава борец против корупцијата, а од Рускоска непристрасен, објективен и професионален јавен обвинител, наспроти правосудниот срам со „тероризмот“ за 27 април“. Што имаме како финале? Вчера Министерството за правда го подели Предлог законот за…