Јани Бојаџи нов директор на ТВ АЛФА

Телевизија Алфа преку соопштение ја извести јавноста за новиот директор на телевизијата.

„Ве известуваме дека АЛФА СКОП. ДОО Скопје како сопственик и носител на лиценцата на АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, анализирајќи ја досегашната работа на телевизијата во сите нејзини аспекти одлучи да работи на понатамошно подобрување на содржината и влијанието во јавноста на истата. Изминатиот период беше успешен и сме задоволни од досегашната работа, сепак гледаме голем простор во македонскиот етер каде дополнително може да се развиваме и истиот да го освојуваме.

Би сакале да ја информираме јавноста дека на Васков Ефтов му истече едногодишниот менаџерски договор. Би сакале да му се заблагодариме за досегашната соработка како и напорите кои ги вложи за успешно водење на телевизија“, истакнува телевизијата во своето соопштение.

Понатаму се додава:

„Исто така, менаџментот на АЛФА СКОП донесе одлука за нов управител да биде именуван Јани Бојаџи, познат македонски режисер и продуцент, за кој се надеваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе постигне големи успеси и натамошен развој на телевизијата.“

Повеќе