Букурешкиот договор од 10 август 1913

Букурешкиот договор од 10 август 1913 г. бил договор потпишан помеѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора, Романија и Грција од една страна и Бугарија од друга страна.

Со овој договор  исто така била извршена повторна поделба  на териториите што дотогаш биле под турска власт (Македонија, Косово и Метохија, Васоевиќи, Санџак, Тракија и северен Епир). Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 km2 го добила Грција, Вардарскиот дел со површина од 25.342 km2 го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 km2 и бил даден на Бугарија а Албанија добила 1.115 km2 во западниот дел. Романија ја добила јужна Добруџа од Бугарија и се зголемила за 8000 km2 со 303.000 жители.
Your browser may not support display of this image. Македонско гледиште за решавање на Македонското прашање

На 1 март 1913 година, седум месеци пред потпишувањето на договорот, претставниците на Македонската колонија во Петроград, Георги Константиновиќ, Димитрија Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков потпишале меморандум за независност на Македонија и му го предале на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Едвард Греј, и на амбасадорите на големите сили во Лондон. Со меморандумот Димитрија Чуповски изработил и карта на Македонија во колор со сите специфичности што аргументирано ги докажувале посебноста и причините за самостојност на Македонија. Меѓутоа, поради сопствените интереси и во отсуство на било какво чувство за реалност и за Македонскиот народ, големите сили судбината на Македонија ја оставиле да ја решат завојуваните Балкански држави.

Територијата на Македонија до Балканските војни го претставувала централниот и најзначајниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа се граничела на север со Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак и Рила. Западните граници се протегале преку планините Кораб, Јабланица, Грамос и Пинд, на југ по реката Бистрица до Егејското Море и на исток до сливот на реката Места. Во рамките на овие географски граници, Македонија зафаќала површина од 67.741,2 km2.

Со Букурешкиот мировен договор, Македонија била поделена на:

* Егејскиот дел, со површина од 34.356 km2 го окупирала Грција,
* Вардарскиот дел со површина од 25.342 km2 го окупирала Србија,
* Пиринскиот дел со 6.798 km2 ја окупирала Бугарија и
* Јужниот брег од Охридското езеро – Мала Преспа со 1.115 km2 и биле доделени на Албанија.

Обиди за ревизија на договорот

Веднаш по потпишувањето, т.е. на 11 август 1913 година, Австро-Унгарија, Русија и Бугарија барале ревизија на договорот, со оглед на бројните неправилности, недоречености и нелогичности во поделбата на териториите и во донесувањето на одлуките.

На 14 август, Русија ги отфрлила намерите за ревизија на договорот, па со такво барање останале само Австро-Унгарија и Бугарија, на кои остро им се спротиставувала Франција. Букурешкиот мировен договор представува единствен меѓународен договор што не ги потпишале сите големи сили и што бил во голема мера против нивните интереси. Исто така, големите сили не ги зеле предвид барањата на македонскиот народ, кој од повеке асоцијации, особено од Русија и Швајцарија, интервенирал да се зачува идентитетот на Македонскиот народ и единството и целината на Македонската територија.

Со распарчувањето во Букурешт, Македонија од централен и најзначаен дел од Балканот станала периферија и провинција на Балканските земји.

Веднаш потоа започнало  асимилирање на Македонското население во Јужни Срби, Бугари, Славофони Грци и Албанци. Дури и во пребројувањето на жртвите и загубите во Втората Балканска војна македонското име не се споменувало, иако војната главно се водела во Македонија, Според извештаите, Србија загубила 44.500 луѓе, Црна Гора 1.400, Грција 20.000, а Бугарија 93.000 луѓе. Вкупно 158.000 луѓе.

Наведениве факти  недвосмислено докажуваат дека балканските  војни се подготвувале и се воделе за поделба на Македонија. Единствениот принцип врз кој се одредувале и се поставувале границите било правото на посилниот, односно оружјето.

Повеќе