ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС: Србија е прва, а Македонија за две години од 3-то потона на 18-то место според директни странски инвестиции

Британскиот весник Фајненшл тајмс во својот специјализиран сервис го објави индексот за успешност на Гринфилд инвестициите ФДИ за 2019, од кој се гледа дека Македонија тоне и „блеска“ само во изјавите и прес-конференциите на премиерот, министрите и прес-конференциите на СДСМ. Според ранг листите за странски директни инвестиции Македонија бележи огромен пад за само две години во делот на инвестиции во ТИРЗ зоните, но и надвор од нив. Во 2016 година бевме на високото 3-то место, а за само две години по смената на власта Македонија доживеа пад од 15 места…

Владата на Заев го гаси Сонцето од Кутлеш со брусалки, а на спомениците става грчки жиг

Започна поставувањето ознаки на спомениците, а се отстранува и Сонцето од Кутлеш од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, согласно Договорот од Преспа. „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои на  ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје. Поставена е и ознака на споменикот на Олимпија, на плоштадот и парк Ибни Пајко и таму…

КОНЕЧНО:Катица Јанева во вторник кај одморена Вилма Рускоска на распит за Рекет

Откако беа сослушани неколку обвинители и шефицата на нејзиниот кабинет, конечно и Катица Јанева доби покана за распит во Јавното обвинителство за криминалната афера Рекет. Неофицијално Јанева ќе се соочи со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, која досега беше на одмор, во вторник. Покрај другите сослушани досега и Јанева денеска добила покана како сведок. Досега се сослушани обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, како и шефицата на Кабинетот на Јанева. Утре сведочи обвинителот од СЈО Бурим Рустеми. Јосифовска е за давањето времена патна исправа на осомничениот во…

СЈО СЕ ТРЕСЕ, ЈАНЕВА ПРЕТРЕСУВА: Фатиме Фетаи одбила претрес на нејзината чанта и опцула

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи денеска одбила да биде претресена при влезот-излезот од Специјалното јавно обвинителство. Како што изјави таа за ТВ24, Фетаи била запрена од полицаецот на влезот од СЈО и била известена за „наредбата од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за претресување на сите вработени во СЈО“. Фетаи се спротивставила на оваа одлука. – Јас сум обвинителка која работи во оваа институција веќе четири години, а не осомничена за да ме претресуваат на секое влегување и излегување. На враќање од паузата околу 13 часот ме застана полицаецот и соопшти…

ЗАКАНА ОД БОКИ 13 ДО ЗАЕВ: Вади ме од притвор оти ќе објавам како со Харадинај крадеше милиони

Притворениот Бојан Јовановски алијас Боки 13, кој во Скопје беше уапсен поради рекетирање на бизнисменот Орце Камчев, се заканува дека ќе објави докази за криминалните врски на Зоран Заев и Рамуш Харадинај, објави српски Информер. Боки 13, како што пишува Информер од добро информирани извори, очекува Заев да го среди неговото пуштање од затвор и тоа јасно му го порачал преку адвокат и заеднички блиски соработници. Во спротивно, додаваат изворите за Информер, Боки 13 се заканил дека ќе проговори за милионските мафијашки бизниси на Заев и Харадинај. Според изворите на…