КОНЕЧНО:Катица Јанева во вторник кај одморена Вилма Рускоска на распит за Рекет

Откако беа сослушани неколку обвинители и шефицата на нејзиниот кабинет, конечно и Катица Јанева доби покана за распит во Јавното обвинителство за криминалната афера Рекет.

Неофицијално Јанева ќе се соочи со обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, која досега беше на одмор, во вторник. Покрај другите сослушани досега и Јанева денеска добила покана како сведок.

Досега се сослушани обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, како и шефицата на Кабинетот на Јанева.

Утре сведочи обвинителот од СЈО Бурим Рустеми. Јосифовска е за давањето времена патна исправа на осомничениот во „Империја“ Орце Камчев, Стефанова и Рустеми за влијание врз истрагите „Империја“ и „Поштенска банка“.

Повеќе