Николоски: Политиките на Меркел и Орбан се иднината на ВМРО ДПМНЕ и на Македонија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европа нема да биде обединета без државите од Западен Балкан. Меркел ова го изјави по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во унгарското градче Шопрон, каде обајцата ја одбележаа 30-годишнината од отворањето на границата меѓу Австрија и Унгарија, што се смета за почеток на крајот на Студената војна.

Оваа средба ја искоментира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Средба на двата најмоќни лидери во Европа Ангела Меркел и Виктор Орбан. Обединети кон силна Европа! Средбата се одржа во Сопрон на 30 години од Паневропскиот пикник со кој беше означен почетокот на падот на железната завеса и комунизмот. Политиките на Меркел и Орбан за силен економски развој, јасни демохристијански вредности, ред и владеење на правото, борба против корупција, одговор на предизвиците од нелегалната миграција, заедничка одбрамбена политика под закрила на НАТО и попросперитетни економија, образование, здравство, социјална грижа под закрила на ЕУ се иднината на ВМРО ДПМНЕ и на Македонија. Иднина за која оваа Влада на Заев нема ни концепт ни визија ни луѓе да ја препознае, иднина за која ВМРО ДПМНЕ со своите партнери ЦДУ и ФИДЕЗ како и останатите членки на Европската народна партија силно ќе работи после победата на следите предвремени парламентарни избори“-напиша тој.

Наш коментар на тоа: 🙂 🙂 🙂

Повеќе