Црна се чума зададе, там долу Македонија…

Вака почнува текстот на старата македонска песна, која како да е компонирана деновиве. Токму тоа ни се случува. Македонија поминува низ трагичен период, ама и оваа бура ќе помине и сонце пак ќе огрее. Надежта, нели, последна умира. Меѓутоа, и таа ќе отиде ако не се мобилизираме и избориме за своите правдини. Најлошиот елемент во оваа драма на македонскиот народ се длабоките поделби во националното ткиво. Тие ниту се нови ниту се случајни. Најстарата политичка доктрина „подели па владеј“ (divide et impera) одамна е применета врз Македонците. Најмалку 150 години…

БУГАРИЈА ГО ОПЕРАЦИОНАЛИЗИРА ДОГОВОРОТ: Македонскиот јазик заминува во историјата како лош, деструктивен дијалект на Бугарскиот јазик!

Статија на ИНФОМАКС.МК Во гостувањето на бугарска телевизија доцент Ана Кочева од Институтот за бугарски јазик, јасно го произнесе нејзиниот став кој што е воедно став и на цела Република Бугарија, а тоа е дека македонски јазик не постои. -Македонски јазик не постои, тие сами си го имаат измислено односно создале некој дијалект кој што е наречен Западно бугарски дијалект, изјави доцент Ана Кочева. Исто така таа смета дека и во Македонските учебници по историја треба да стои дека Македонците зборувале и зборуваат западно бугарски дијалект, а не македонски јазик.…

Владата ќе стимулира зголемување на платите во приватниот сектор

Зголемување на платите и крај на плаќањето плата во плико. Ова се двата ефекти кои ќе ги даде новата мерка на Владата, сметаат работодавачите. Почнувајќи од октомври Владата ќе ги плаќа придонесите за платите кои ќе бидат зголеменени до 6.000 денари. Газдата ќе има обврска да плати само персоналец за зголемениот износ. Пример, ако работникот зема нето плата од дваесет илјади денари и работодавецот одлучи да му ја зголеми за пет илјади денари, придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување за зголемувањето од пет илјади денари ќе ги плати државата.…

Што изјавила мис Стон пред истражните органи на Османлиската Империја?

Статија на Нова Македонија Пишува: Блаже Миневски „Една ноќ на комитите им кажав дека имам претчувство оти сме во Бугарија: Не, рекоа, не сте во Бугарија, во Македонија сте!“, изјавила мис Елен Стоун пред истражните органи на Османлиската Империја. Според документите што ги објави Државниот архив на Македонија, може да се заклучи дека оваа шестмесечна афера била всушност првата „заложничка криза“ со која се соочиле САД. Станува збор за настан што го свртел вниманието на јавноста во глобални рамки, а мемоарите на мис Стон, кои потоа во продолженија излегувале во…

Јанушев: Заев се плаши од соочување со народот, а се плаши зошто знае дека ќе изгуби

Зоран Заев и СДСМ се против предвремени избори, а најрано според нив може да бидат во октомври 2020 година. Исто така, за избори ќе зборувале откако ќе завршел НАТО самитот во декември оваа година во Лондон од причина што евентуалните избори и разговори да не го нарушат овој процес, коментира генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Неговиот Фејсбук статус следува во продолжение:  Прво, Зоран Заев се плаши од соочување со народот, а се плаши зошто знае дека ќе изгуби, а ќе изгуби зошто државата тоне во криминал, неправди и понижувања…

Младите од Ново Село го пречекаа Заев со порака: „Црна трака пресековте за Македонија”

Младите од општина Ново Село го пречекаа премиерот Зоран Заев со порака: „Црна трака пресековте за Македонија”. Посетата на Заев е заради сечењето црвена лента на реновираната општинска зграда што е најкритикуваниот проект од страна на граѓаните бидејќи истата е реноворана со задолжување на општината, а цената на зафатот е 600.000 евра, пари кои граѓаните на општината треба да почнат да ги враќаат по завршувањето на мандатот на актуелниот градоначалник.

НОВИТЕ КАДРИ НА ЗАЕВ !!! ЗАКОЛНАТАТА БРАНКОВИСТА, БИВША ДИРЕКТОРКА ОД ПРЕД ДВАЕСЕТ ГОДИНИ СЕГА “НОВ” КАДАР НА ЗАЕВ ДА ГО ДОПАРТИЗИРА ОБРАЗОВАНИЕТО!

Бети, Бети, откако го “реши” образованието во Битола, сега како “нов” кадар ќе го “решава” во Македонија. Откако, претходно направи свој посед од СОУ “Таки Даскало” од 2002 до 2006 отпуштајќи ги од работа сите нејзини неистомисленици на 31 август, само ден пред 1 септември, кои експресно се вратија на работа, бидејќи ги добија судските спорови и на тој начин го обезбеди својот “неприкосновен” кредибилитет и стручност, па така пред две години повторно СДСМ ја постави да го води истото училиште, ама и образованието во Битола. И во ова нејзино…