НОВИТЕ КАДРИ НА ЗАЕВ !!! ЗАКОЛНАТАТА БРАНКОВИСТА, БИВША ДИРЕКТОРКА ОД ПРЕД ДВАЕСЕТ ГОДИНИ СЕГА “НОВ” КАДАР НА ЗАЕВ ДА ГО ДОПАРТИЗИРА ОБРАЗОВАНИЕТО!

Бети, Бети, откако го “реши” образованието во Битола, сега како “нов” кадар ќе го “решава” во Македонија. Откако, претходно направи свој посед од СОУ “Таки Даскало” од 2002 до 2006 отпуштајќи ги од работа сите нејзини неистомисленици на 31 август, само ден пред 1 септември, кои експресно се вратија на работа, бидејќи ги добија судските спорови и на тој начин го обезбеди својот “неприкосновен” кредибилитет и стручност, па така пред две години повторно СДСМ ја постави да го води истото училиште, ама и образованието во Битола. И во ова нејзино “компетентно” преземање на образованието во свои раце нема ништо друго, освен буквално бркање од работа на сите што не ја делат нејзината идеолошка определба (заколнат Бранковист, а сега метаморфозиран слеп Заев послушник) и овој пат напредна, нејзината снаа за родениот брат ја постави за директорка во Гимназијата Јосип Броз Тито, во Битола. Буквално, нејзините единствени заслуги се дрска партиска пресметка и оставање без леб на луѓето, а овие две години освен што го врати битолското образование во 906, ја продолжи жестоката пресметка со своите неистомисленици, а за право му беше најверен facеbook follower и facebook sharer со месеци на нејзиниот претходник Петар Атанасов, најверојатно заради “прифаќањето” на неговите космополитски ставови за градење на едно општество. Ама, таа љубов за кусо време се растури и таа по најкраткиот пат стигна на неговата позиција. Тешко на сите нас, тешко на Македонија, ако од Бети чекаме европско образование кога таа скоро две децении не може да излезе од манирите на обична биртија и тесноградост. Сега од професорските клупи мора да се премести од другата страна, итоа во очи на најавениот штрајк, а белки во меѓувреме испреговарала самата со себе, за на крајот решението што ќе го донесе и придонесот што ќе го даде, да не биде на штета на учениците и професорите.

 

Пишува во писмената реакција на – Комисија за образование на ВМРО – ДПМНЕ Битола

Повеќе