БРАВО!!! Учениците во струмичките основни училишта ќе добиваат бесплатен дневен оброк

Учениците од прво до деветто одделение во основните училишта на територијата на општина Струмица, секој ден додека се на настава ќе добиваат бесплатен дневен оброк – храна.

Оброкот на основците ќе го плаќа општина Струмица од својот буџет, за кое планирани се да се потрошат 2.022.440 денари во текот на учебната 2019/2020 година.

Општина Струмица и во новата учебна година планира да им обезбеди училишни униформи на сите 530 првачиња од деветте основни училиште во општината, за што ќе потроши околу 650.000 денари, а обезбедени се и 600.000 денари од буџетот на општината за набавка на училишен прибор на ученици од социјално загрозени семејства.

Извор: strumicanet.com

Повеќе