Во кој момент САД и ЕУ се откажаа од СЈО?

Концептот на Министерството за правда е да се се изгаси Специјалното јавно обвинителство (СЈО), смета професорот по право Гордан Калајџиев, кој даде изјава по средбата на работната група во министерството.

Калајџиев рече дека на состанокот не присуствувала министерката Рената Дескоска, туку нејзин заменик, кој дошол без концепт или стратегија.

Јас избегнав да разговарам како да ја гледаме судбината на СЈО, за неговото укинување без да имаме проценка на тоа. Зошто СЈО треба да згасне, а ЈО да ги преземе неговите капацитети кога немаме оценка за успешноста на едното или другото обвинителство.

Концептот на Министерствотото е да го гасне СЈО и да продолжи да работи во рамки на ЈО. Практично се растура комплетно СЈО“, рече Калајџиев.

Тој додаде дека не му е јасно зошто не се бира нов обвинител во услови кога се водат преговори за Законот за ЈО, кои се многу незивесни и се водат без стратегија.

Колку што разбрав републичкото обвинителство е спремно да ги прифати предметите, а СЈО се мисли дали да ги предаде, бидејќи е проблематичен правниот однос. Јас како професор по право мислам дека тоа не може и мислам дека дополнително ќе се искомплицираат работите со тоа што ќе им се даде дополнителен основ на одбраната и на адвокатите да ја оспоруваат правната изрдржаност на оваа трансформација, истакна Калајџиев.

Професорот кажа дека и него многу нешта не му се јасни, но оти „јасно ми е дека е донесена одлука да згасне СЈО без да видиме која е вистинската причини“.

Не се изјаснува ни меѓународната заедница, на состанокот имаше претставници од Амбасадата на САД, на СЈО, сите тие изглоа од задниот влез, треба и нив да ги прашате. Очигледно е дека идејата да се формира СЈО не беше моја, беше на САД. Тие се фактор. Во кој момент тие и ЕУ се откажаа. Идејата беше Законот за ЈО да не се бутка само како закон на хартија, туку да се обезбеди да опстои СЈО на потрајна основа. Кога се откажаа од таа идеја, стои гол закон и со право сме сите збунети. Мислам дека тој закон не треба да се носи набрзина, треба да продолжи Законот за СЈО и не знам кој ќе одговара зошто не е избран специјален обвинител. Треба да се завршат барем предметите за кои се суди.

 

РЕПУБЛИКА.МК

Повеќе