РУСКОСКА-КАЦАРСКА, ШТО ПРАВИМЕ СЕГА? „Вечер“ ја објави преведената пресуда за Давидовски на Судот во Шведска

Ова е пресудата на шведскиот Врховен суд по барањето на Македонија за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за тероризам за настаните од 27 април.

Шведска одбива да го испорача Давидовски, затоа што смета дека Давидовски нема да добие фер судење во „Северна Македонија“, каде „корупцијата е широко распространета“ и каде, како што наведува судот, некои учесници во настаните од 27 април биле тепани за да го признаат кривичното дело. Како после оваа пресуда, тандемот Рускоска-Кацарска с ечувствува, не ни е познато.

Порталот Вечер, пак, меѓудругото, наведува:

„Кога порталот ВЕЧЕР ја објави веста на 11 август медиумите под контрола на СДСМ како порталот и весникот Независен, Канал 5, Цивилмедиа, 360 степени, Ф2Н2.мк… објавија дека веста не е точна, дека е лажна вест и дури се повикуваа на анонимни извори од шведската амбасада дека судот не одлучувал по овој предмет. Но, фактите ја демантираат пропагандата на СДСМ преку медиумите под контрола на таа партија.

Еве ги документите, оригиналот е преведен од овластен судски преведувач и сега е достапен за нашата јавност. Извинување од медиумите на СДСМ не очекуваме.“

Повеќе